Во изјава за медиумите денеска претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Иван Јорданов соопшти за намерата за покачување на паргкинг услугите за граѓаните на Штип, со што дополнително се земаат пари од џебот на граѓаните што придонесува кон нивно понатамошно осиромашување и намалување на нивниот стандард.
Денес советниците на СДС на комисиската расправа изгласаа покачување на цените на паркинг услугите во Штип. Ова не претставува враќање туку земање на пари на граѓаните. Новите цени единствено ќе послужат за плати за новите партиски вработувања. Сообраќајниот хаос кој владее во градот ќе остане нерасчистен.
-соопштија од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.


