• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Реакција на професорката Каролина Астеруд во врска со настан за нејзино приведување на Скопскиот аеродром

септември 27th, 2021 Македонија коментари 527

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Реакција на професорката Каролина Астеруд во врска со настан за нејзино приведување на Скопскиот аеродром

Професорката Каролина Ристова Астеруд во своја објава на Фејсбук упати реакција на информациите во повеќе медиуми во врска со нејзино приведување на скопскиот аеродром. Во прилог на нејзиниот коментар таа објави и видео од самиот настан.

Истата ја пренесуваме во целост во продолжение:

„По некои медиуми/ портали е објавено дека сум била уапсена/приведена на меѓународниот аеродром во Скопје заради нарушување на јавниот ред и мир, и тоа со “викање” (?!) , со “непристојно и дрско однесување “ (?!) спрема полициските службеници во вршење службени дејствија , а дека инцидентот настанал “откога ми била побарана потврда за вакцинирање”.
Точно е дека имаше голем и сериозен инцидент, како и дека бев приведена со лисици во полициската станица на аеродромската полиција, и држена таму цела ноќ, докај 7 часот наутро вчера, повеќето време “оставена” на клупа со лисици, како небаре не сум таму.
Ударно, сакам да и соопштам на јавноста дека не е точно дека било во врска со мое одбивање да покажам потврда за вакцинација.

Целиот инцидент започна по поминување на пасошка контрола, и заради мој обид за пријавување на сомнителна торба ( во аеродромски услови тоа подразбира торба која е оставена сама) во делот на превземање на багажот од страна на патниците.

Дека беше драма, беше, за жал , многу грда и лоша, но, ве уверувам дека јас бев во рамки на моите уставни и законски права и обврски, и нема правен основ за прекршочни пријави против мене. Единствено што имаше од мене е (правно ) аргументирање со тон на револт и протест.

Обвинувањата што се јавно пренесени на моја сметка треба да одат на страната на дел од полициските службеници од граничната полиција, а и полоши, некои дури и филмски лоши, до за неверување.

За деталите ќе ја информирам јавноста откога ќе го завршам делот со формалното пријавување на случајот во внатрешната контрола на МВР ( уште не сум заради неодложни професионални обврски), а во однос на која имам верба целосна и докрај ќе го расчисти случајот, а и ќе се консултирам за другите чекори за моја правна заштита од серија повреди на моите права и слободи.

За сите оние кои се прашуваат и се загрижени за мене по читањето на оваа вест, ве информирам дека сум добро, и покрај доживеаниот стрес, малтретирање , изживување, навредување, набедување со лажни обвинувања и импутации , понижување, “бодрење “ и “хушкање” да бидам приведена и да ми се стават лисици , противправно лишување од слобода, сето тоа и со дискриминаторска димензија по основ на мојот општествен статус ( “професорка на факултет”, “бивша функционерка “), а и како таргетирање и по основ на мојата етничка припадност како мотивација кај дел од службените лица, и сето тоа во најголем број без соодветно полициско легитимирање, и од страна и во присуство и опколена со, по мое броење, 7-9 лица во полициска униформа, сите таму за справување со мене, и, ако не се лажам, две полициски комбиња.

Да биде поиронично, како што веќе пишав, целиот инцидент започна со мое пријавување сомнителна торба кај делот за багаж, за што се немаше минимум, камоли ваков, камоли соодветен, службен интерес. Пред да ми бидат присилно одземени телефоните за да не снимам ( а и пасошот ми беше одземен и задржан до пред пуштање од полициска станица), успеав мал дел да снимам, во прилог е снимката, ќе ви стане јасно дека тоа што “неофицијално” се брифирани некои портали/медиуми за “одбивање да се покаже потврда за вакцинација “ , а и за дел од другите набедувања, не е точно. За тоа кој и зошто така “неофицијално “ ги пренасочил порталите ( а најверојатно и информирал/е чии се иницијалите во полицискиот билтен), засега немам објаснување.

Претпоставувам има и аеродромски снимки за делот од инцидентот пред аеродромот, ако нема и за делот во полициската станица. Очекувам и верувам дека фактите и вистината ќе излезат на виделина, и дека правото и правдата ќе преовладаат. Наспроти набедувањето, јас имам најдлабока почит и верба во МВР како институција и кон нејзините професионални припадници, и како граѓанка, но и од лични причини ( и мојот покоен татко, на кого деновиве ќе му правиме десетгодишен помен, поголемиот дел од својот животен и работен век го има поминато во МВР, а и мојот брат пожртвувано работи во МВР), да се справи со непрофесионално и незаконско однесување на некои свои службеници, како прв чекор.

Во четврток ми е 51 роденден, не очекував дека “вака” ќе го прославувам, но ете …“

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Не бидете како градоначалникот во заминување на Виница да паркирате во трева, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Следна објава Од "паркот на Вавката" денес Горан Трајковски упати снимена порака до делчевчани
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 723
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 652
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 676
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1329
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 608
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 705
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 374
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 466
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 683
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

1966
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1285
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Ина Василевска: Првиот ден кога ќе формираме Влада, ќе барам сите до еден да бидат ставени на дисциплинска и ќе летаат зад решетки
Македонија

Ина Василевска: Првиот ден кога ќе формираме Влада, ќе барам сите до еден да бидат ставени на дисциплинска и ќе летаат зад решетки

Фев 21st, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.