Носител на кандидатската листа за советници од редовите на СДСМ Штип е д-р Александар Мишев. Денеска преку социјалните мрежи претставување на листата на кандидати за советници од СДСМ Штип ја претстави актуелниот градоначалник и кандидат за иден градоначалник од редовите на СДСМ Сашко Николов:
“
Победничката советничка листа на СДСМ и коалицијата на чело со актуелниот и иден градоначалник Д-р Сашко Николов и носителот на листа д-р Александар Мишев, е најнародната и најразноликата листа на советници.
Луѓе од народот, за народот.
Листа составена од чесни, вредни, успешни и просперитетни млади луѓе е гарант дека штипјани добиваат достојни претставници во Советот на Општина Штип, со желба и љубов за својот роден град.
Имаме советничка листа на која се личности кои јавниот интерес секогаш го ставаат пред личната амбиција, а истрајноста и посветеноста се одлик на нашата советничка листа.”
-напиша на фејсбук Сашко Николов


