Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со партискиот секретар за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.
Притоа било разговарано за актуелните политички состојби во државата.
На средбата разговаравме за актуелната политичка ситуација, стратешките приоритети како и реформските процеси кои се клучни за остварување на стратешките цели на Република Македонија.
Наш стратешки интерес и приоритет е членство во Европската унија. Но, изразуваме загриженост бидејќи имаме најслаб резултат во полето на реформите коишто се од суштинско значење за интегрирање на државата во ЕУ, затоа што оваа влада нема капацитет да ги спроведе потребните реформи.Посочив дека Владата и Заев не покажуваат суштински интерес за отстранување на недостатоците поради кои државава не доби датум за преговори, и наместо реформи гледаме криминал, прогон и закани врз новинарите, опозицијата и сите неистомисленици на власта.
Политичкиот прогон врз опозицијата е со цел да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните, криминалните скандали кои се случуваат како и дека на Македонија и се потребни суштински реформи и функционирање на обвинителскиот и правосудниот систем според начелата на непристрасност и законитост. Фрапантна е незаинтересираноста на обвинителството за криминалот на власта, подеднакво загрижувачка е и економската состојба на граѓаните кои секојдневно се осиромашуваат од неодговорната влада.
-напиша на фејсбук Христијан Мицкоски во врска со средбата.