Австралискиот музичар Џорџ Јанг кој беше ментор на познатата хард рок група ЕјСи/ДиСи почина во 70.година од животот, соопшти денеска групата/
Јанг, роден во Глазгов, но живееше во Австралија а светската слава ја стекна во 60-тите години како гитарист на бендот Изибитс (Easybeats), a “Friday on my Mind” стана голем хит.
Музичарот го напиша и планетарниот хит “Love is in the Air” но ќе остане запаметен по улогата во подемот на бендот AC/DC со учество во албумите “High Voltage”, “Dirty Deeds Done Dirt Cheap” и “Let There Be Rock”.
Бендот ан својот сајт напиша дека без Јанг, „како музичар, композитор, продуцент и советник, AC/DC не би вил тоа што е“.
Јанг беше брат на основачот на групата Ангус и на Малком Јанг.
Групата AC/DC, основана е 1973. година, и е една од најголемите концертни атракции во светот и автор на еден од најбараните албуми на сите времиња – “Back In Black” (1980).