Благодарност до нашиот пријател Сијарто! ![]()
Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Hristijan Mickoski и потпретседателот Vlado Misajlovski , остваривме средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Szijjártó Péter. На средбата изразивме голема благодарност за помошта која ја дава Унгарија на Република Македонија во битката со корона вирусот и се заблагодаривме за денешната донација на вакцини со цел полесно да се справи државата со корона кризата. Исто така изразивме благодарност и за континуираната поддршка на патот кон ЕУ.
Заедно заклучивме дека е потребно државата да започне безусловен старт на преговорите со ЕУ. На Македонија и се потребни реформи кои ќе го подобрат животот на граѓаните и потребна е одлучна и силна борба со криминалот и корупцијата.


