Делчевското архиерејско намесништво од Брегалничката епархија, е во постојана иницијатива за афирмација и унапредување на благодетите за делчевчани од православната вера. За тоа секако се најзаслужни свештените лица во делчевското архиерејско намесништво кои пред неколку недели добија нов протоереј во ликот и делото на отец Александар Васев.
Во претстојните Божикни празнувања од Градската црква
“Успение на Пресвета Богородица” најавуваат возобновување на од поодамна загубената древна традиција на детски поворки помеѓу жителите на ова родно место, кои во дамнина било радосна традиција која била дел од секој пијанечки дом.

Во продолжение го пренесуваме прогласот упатен до јавноста од Неговата Светост Протоереј Александар Васев:
Почитувани,
по повод Христовото раѓање –Божиќ, на 06. Јануари 2019 година (недела) во Делчево ќе се одржи по прв пат Бадникова поворка, со учество на сите дечиња кои сакаат да учествуваат а исто така и возрасни.
Имено, со Бадниковата поворка, возобновуваме една прекрасна древна традиција, која, веќе насекаде во Македонија, прерасна во еден од најмасовните собири, што радосно ги обединува најмладите од целата наша Татковина. Огромни групи на дечиња се собираат за радосно да го најават Христовото раѓање и да пренесат топла празнична порака, пеејќи ја старата Бадниковата песна „ Вечниот Бог“.
Бадниковата поворка во Делчево ќе тргне од храмот ,, Успение на Пресвета Богородица ,, во 10 часот и ќе се движи до параклисот на Свети Kлимент, и пак враќање до старата црква, каде децата ке бидат пречекани и ќе им бидат поделени Божиќни подароци.
Затоа и ние го испраќаме нашиот топол повик, до сите деца, родители, до сите граѓани од нашиот град, да се собереме во поголем број и да го привлечеме Божјиот благослов за нашиот Македонски народ. Затоа започнуваме со подотовки за Бадниковата поворка.
Ги повикуваме децата и родителите да го најават своето учество најдоцна до 30. 12. 2018 година во храмот ,, Успение на Пресвета Богородица од 08 до 16 часот
Средбите со децата и родителите ќе се одржат во ,, Успение на Пресвета Богородица ,, во следните денови:
I средба- 23.12.2018 ( Недела) во 12 часот
II средба – 29.12.2018 (Сабота) во 12 часот
III средба – 30.12.2018 (Недела) во 12 часот
IV средба- 05.01.2019 ( Сабота) во 12 часот
На средбите ќе се вежба песната ,,Вечниот Бог,, и ќе се разговара околу организацијата на Бадниковата поворка.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ВО ГОЛЕМ БРОЈ.
Видеото кое е подолу е пример како ќе изгледа.
Исто така од свештенството при храмот “Успение на Пресвета Богородица” – Делчево упатуваат порака за поддршка од граѓаните на Делчево за реализација на оваа прекрасна иницијатива:
СИТЕ ДОБРОНАМЕРНИ ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ, СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ЗА ПОМОШ СЕКОЈ СО ШТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ЗА ДА НАПРАВИМЕ ПОДАРОЦИ ЗА ДЕЛЕЊЕ НА ДЕЦАТА НА БАДНИК (храна или играчки).
ХРИСТОС ПОСРЕДИ НАС.


