Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николоски во друштво со Професорката Гордана Силјановска, беа на работна средба со претставниците на Стопанската комора на Република Македонија.
Во врска со состанокот Мицкоски во јавноста изнесе кратко соопштение:
Вчера имавме средба со претставниците од Стопанската комора на Република Македонија. Ги разменивме нашите размислувања во насока на подобрување на реалниот бизнис и подобар развој на економските текови.
Економијата треба да е двигател во функционирањето на една држава, но ние секојдневно сме сведоци на катастрофалните политики во областа на економијата кои што ги води Владата на СДСМ и економски тим на владата кој очигледно е дека потфрла во имплементација на реалните потреби на граѓаните и бизнис заедницата. Потребна е реална економска програма која што ќе го подобри квалитетот на животот во Македонија и ќе допринесе за зголемување на животниот стандард.
Потребни се промени, мора да се избориме за правда и достоинство, за подобар живот.