Денеска се навршуваат 100 години откако мексиканскиот револуционер и водач на мексиканската револуција беше убиен од федералните владини сили.
Емилијано Запата го предводеше народното ослободително движење на сиромашните Мексикански фармери против моќта на богатите сопственици на хациенди и против диктатурата на Порфирио Диаз. Емилијано Запата се борел за социјалистички идеали како што е фер распределбата на богатството и моќта.
Загинал во заседа на федералните сили, застрелан од непосредна близина.
По 75 години од неговата смрт била формирана т.н. Запатиста армија на национално ослободување во Мексико.
Именувана по името на Емилијано Запата ова автохтоно народно движење беше темел и инспирација за идеолошка подлога на голем број движења во светот кои се борат против глобалниот неолиберализам.
Оваа народна идеолошка творба го одржува ликот и делото на Емилијано Запата присутно до ден денес.