• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Владата во завршна фаза на изработка на проекти за градба на станови за мигратите

септември 20th, 2017 Македонија, Регион коментари 877

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус, смета дека актуелниот бран на бегалци претставува голема опасност и според него, европските земји треба да преземат мерки на граничните премини за нивно спречување.

– Европа треба јасно да им каже „не“ на бегалците кои доаѓаат и треба да ги преземе сите мерки за обезбедување на границите, за да не можат тука да дојдат – рече Клаус.

Сегашниот пристап кон ситуацијата, познатиот евроскептик го смета за неверојатна неодговорност на актуелните политичари, како во Чешка, така и во Европа.

До крајот на годината се претпоставува дека во земјата ќе пристигнат 3.500 емигранти, додека следната година прогнозата е дека нивниот број ќе биде од 5.000 до 7.000.

Бранот бегалци нема да ја заобиколи ниту Македонија. Доколку се реализирала националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци на Владата на Зоран Заев, мигрантите би претставувале реална закана за Битола, Радовиш, Охрид, скопската населба Ѓорче Петров како и останатите општини во кои ќе се смени комплетно составот на населението со населување на овие лица.
Владата предводена од Зоран Заев не се откажува од планот за доселување на мигрантите и градење на згради за нив во 17 општини низ Македонија.

Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои Владата планира да се населат мигрантите. Граѓаните пак, на овие општини бараат референдум за да може да се изјаснат по ова прашање.

-Нема да дозволиме никој да донесува одлуки без да го чуе нашиот глас за вакви суштински и болни прашања, никој не смее да ја погази волјата на народот и самоволно да одлучува во наше име- порачуваат граѓаните од 17-те општини.

Општинските советници од ВМРО-ДПМНЕ, застануваат во одбрана на граѓаните и бараат референдум за изјаснување на граѓаните- „ЗА“ или „Против“ населување на мигранти во нивната општина. Исто така бараат референдумот да се спроведе на 15 октомври, денот кога ќе се одржат и локалните избори.

СДСМ и Владата не отстапуваат од градбата на станови и доселување мигранти – поднесоа тужба против луѓето кои повикаа на референдум против мигранти

СДСМ, Зоран Заев и Мила Царовска и понатаму не се откажуваат од градбата на станови, доселување и интегрирање мигранти во Македонија. СДСМ поднесе кривична пријава за Видан Лазаревски, иницијатор за референдум против Националната стратегија за интеграција на мигранти.

Лазаревски во текот на минатиот месец ја водеше кампањата „Будење за Штип“ преку која собираше потписи од граѓани со цел иницирање референдум, но СДСМ го обвинуваат дека извршил повеќе кривични дела.

-Злоупотреба на лични податоци, измама, повреда на избирачко право, предизвикување на национална, расна и верска омраза- истакна Јане Миланов од СДСМ Штип.

Ова според СДСМ е резултатот од активностите што се спроведуваа во организација на Лазаревски и кампањата „Будење во Штип“. Ова не е прв пат СДСМ да спречи одржување на локалните референдуми, со што се загрозува правото граѓанинот непосредно да одлучува за политиките на власта кои директно го засегаат.

СДСМ преку Државната изборна комисија се обидува да ги спречи референдумите, кои според барањата на иницијативата „Будење“, поради кратење на трошоците, добро е да се одржат на истиот ден како и првиот круг од локалните избори.

Толкувањето на членовите на ДИК било дека нема технички можности за такво нешто, што е сосема неоправдано, бидејќи одржувањето на локалните избори со себе повлекува инфраструктура и техничка поддршка и логистика, која треба да се искористи и за одржувањето на референдум против одлуката на владата за доселување на мигранти.

Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа дека ДИК има обврска да постапи согласно законот со кој е гарантирано референдумското изјаснување на граѓаните за работите кои директно ги допираат нивните интереси.

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ДИК не смее во ниту еден случај да го попречува одржувањето на локалните референдуми кои граѓаните побараа да се одржат против изградба на мигрантски кампови во нивните општини.

-Го повикуваме СДС да не врши протисок врз ДИК во врска со организирањето на локалните референдуми. СДС не смее да го попречува организирањето на референдуми само за да го оствари својот план Македонија да ја направи еден голем бегалски камп. ДИК е формирана и платена од граѓаните на Република Македонија за да го гарантира правото на слободно изјаснување. ДИК е институција која е должна да ги штити интересите на граѓаните на Република Македонија на тој начин што ќе им овозможи непостредно да се изјаснат дали сакаат мигрантски населби во нивната општина.

Референдумското изјаснување на граѓаните, додаде Стаменковска, е највисок облик на непосредна демократија, во кој секој граѓанин на непосреден начин може да го искаже својот став по однос на определено прашање.-Очигледно владата на СДС повеќе ја интересираат миграните одколку граѓаните на Македонија. СДС планира да насели повеќе илјади мигранти и на нив да им овозможи социјална помош, право на стан и работно место со што сериозно ќе се разниша македонската економија, но и образование, здравствен и социјален систем. Македонија е држава со скромни финасиски средства и ресурси, и висока невработеност, со многу нерешени проблеми, владата на СДС наместо да мислат како и со што да им го подобрат животот на граѓаните, тие се одлучија од државата да направат еден огромен камп за мигранти, со изградба на станови во скоро секоја општина.

Во такви услови на владата на СДС не и се приоритет граѓаните на Република Македонија, рече Стаменковска и додаде:„Ова е многу значано прашање и за идните генерации и владата на СДС и ДИК мораат да им овозможат на граѓаните на Република Македонија непосредно да се изјаснат. СДС наместо да се грижи за граѓаните, тие се грижат за мигрантите, кои Републиа Македонија, нема релна можност и капацитет да ги згрижи. Граѓаните го гледаат ова и затоа ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври“.Освен тоа, СДСМ и преку своите советници во општините се обиде да ги минира референдумите. Во општините каде што на дневен ред се стави прашањето за одржување референдум во нивната општина, советниците на СДСМ глаа против референдум, а некаде беа воздржани.

Референдуми по ова прашање ќе се одржат речиси во сите општини каде што имаше иницијатива за нивно распишување, освен во Центар.

Горан Богдановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека советниците на СДСМ на седница на општина Центар не гласаа за ставање на дневен ред на точката за распишување на референдум за населување на мигранти, иако претходно Заев јавно вети дека нема да го блокираат референдумското изјаснување за доселување на мигрантите.

-Нас како советничка група не ни јасно од што СДС толку многу се плаши што не дозволи ова прашање да се стави пред жителите на Центар и на тој начин им ја ускрати можноста на Центарци да се изјаснат по ова прашање. Дали Владата на СДС со секој свој чекор, ја потврдува нивната стратегија и план, за трајно населување на Република Македонија со илјадници мигранти, а дел од нив и во општина Центар?, вели Богдановски.

Тој додава дека за тоа колку е сериозната работата говорат дузината дописи, кои што министерството за труд и социјална политика ги има пратено до општините во кои што се бара обезбедување на локации за градба на објекти, кои што ќе бидат наменети за населување на мигранти.

-Наместо да се служат со лицемерие, невистни и манипулации јавноста очекува власта приоритетно да се посвети на обезбедување на работни места и подобар стандард на нашите граѓани, а потоа да размислува на егзистенција на стотици илјади мигранти кои што трајно би ги населиле на територијата на Република Македонија и во општина Центар. СДС во Општина Центар покажа како целосно неодговорно се обидува да го игнорира мислењето и да ја спречи волјата на граѓанско здружение и да спроведе стратегија спротивно со волјата на дел од жителите на Центар. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Центар секогаш ќе се залага приоритет да биде грижата за граѓаните на Општина Центар и за нив да се обезбедат подобри услови за живот. Граѓаните секој ден се поизненадени од негрижата и неодговорноста од работењето на власта на СДС. Затоа ваквите политики ќе бидат жестоко казнети на 15-ти октомври, потенцира Богдановски.

Инаку, на собраниската Комисија за труд и социјална политика неколку пати се расправаше за Националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци.

На оваа комисија речиси и да немаше претставници на власта, тие не доаѓаа да дебатираат по ова прашање, освен што по еднаш се појавија Фросина Ременски и Ферид Мухиќ.

Извор: Курир

 

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Општина Виница Истибанско здравоживо 2017 - програма
Следна објава ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ НА БАЛКАНОТ: Невремето се сели кон Србија и Македонија?
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 415
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 532
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 510
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 607
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 565
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 657
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 516
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 572
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 465
Жена на денот
Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

736
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1834
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201822
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.