На социјалните мрежи испливаа повеќе фотографии направени во туристичкиот бисер и Македонскиот Ерусалим Охрид на кои може да се забележат глутници кучиња како го окупираат централното градско подрачје во овој важен Мекедонски туристички центар.
Очигледно е дека локалните власти немаат соодветна стратегија и начин како да се справат со оваа неповолна слика, која му штети на туризмот и економијата на бизнисите во градот но исто така претставува реална закана за безбедноста и здравјето за охриѓани.
Граѓаните на охрид негодуваат околу оваа негативна појава што е присутна во градот, која се чини не била случај подолги години наназад.





