Зоран Заев во интервју за ТВ24 изјави дека не може да ги зголеми пензиите. Наспроти ветувањата пред изборите дека ќе се бори за повисок стаандард за пензионерите во нивната пред изборна програма План за животна страна 109 ветуваат дека покрај годишното законско усогласување на пензиите ќе има и вонредно зголемување на пензиите секоја година.
После 10 месеци практикување на власт премиерот Заев вели нема да има покачување на пензиите.
-Не можам да кажам дека ќе има покачување на пензиите, освен она што го покачуваме согласно законското усогласување со трошоците за живот. Ја укинавме и програмата за скијање и туристички викенд, рече Заев.
Инаку после долг период пензиите ќе престанат да растат. Од 2006та до 2016та година пензиите беа зголемени за 70 %, од кои најниската и за над 90 осто.
Зоран Заев истакна дека и платите во администрацијата нема да растат затоа што администрацијата била слаба.
Ова претставува ретерирање од програмата план за живот каде ветуваа повисоки плати за администрацијата. Сега Заев рече дека сепак тоа нема да се случи.
Превземено од Република.мк