• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

август 15th, 2020 Што да се види? коментари 2183

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Голак е средно висока планина во источниот дел на Репуб­лика Македонија, која се протега помеѓу Делчевска Котлина и Разловечка Клисура на исток, Калиманско Поле и Кочанска Котлина на запад и долината на Осојница на југ.

Како типичен хорст, во наведените граници зафаќа површина од 220 km2. На север и исток, падините се спуштаат до реката Бре­гал­ни­ца, која прави голем (тектонски условен) лак околу оваа планина. Кон југ, од Голак постепено продолжува огранокот Обозна, но морфолошка граница помеѓу нив не е јасно изразена. Планината генерално има меридијански правец на протегање, со должина на би­лото од 20 km, а просечна широчина од 10-12 km. Највисок врв на Голак е врвот Чавка (1538 m), а на Обозна врвот Јастреб (1273 m).

Врвот Чавка е доста доминантен и од него се протега одличен видик кон целиот овој простор и кон територијата на Бугарија. Близу до него е врвот Св.Пантелејмон (1508 m), каде се наоѓа истоимената впечатлива црквичка. Тоа се единствените врвови над 1500 m на планината Голак, а покрај нив има уште 4 врвови над 1400 m. 

ФОТО: ПОГЛЕД КОН ПОМАЛИОТ ВРВ СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН (1508 мНв) СО ИСТОИМЕНАТА ЦРКВА НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
08.08.2015 ГОДИНА

Планината Голак, административно припаѓа на две општини: поголемиот, источен дел на општината Делчево, а помалиот западен дел на општина Виница. Еден сосема мал сегмент од планината (т.е. од огранокот Обозна), над с. Митрашинци, административно припаѓа на општина Берово.

Голак има бројни природни вредности, кои главно се слабо познати на јавноста. Во геолошки поглед, планината е составена од гранити во централниот, највисок дел (Делчевски гранити), а странично и кон подножјето од гнајсеви и шкрилци. Наведените карпи се прекамбриумски до палеозојски, стари над 300 милиони години. Во пониските делови се јавува еоценски флиш над Делчево и плиоцени песоци, чакали и глини долж целото подножје. Од сите страни, планината е ограничена со раседи. Релјефот се одликува со едно изразито планинско било изградено од гранити и доста расчленети страни кон исток и кон запад. Гранитите условиле појава на интересни денудациски форми на повеќе места на планината, во вид на карпести блокови и плочи, остенци, плитки вдлабнатини во карпите, мали поткапини и др. Долж подножјето, посебно на присојните, оголени страни, гранитите се распаднати во вид на грус. Силна ерозивност се јавува и во шкрилците, а особено во плиоцените седименти до височина од 900 m. Затоа, овде има честа појава на долови, бразди, бедленд терени, земјени пирамиди (Кукуље во долината на Лошана), свлечишта и други форми. Некои од споменатите форми се интересни, доста атрактивни и привлечни за туристите. Всушност, Голак во минатото бил доста оголен, па се претпоставува дека од тука е и името. Поради заштита од ерозија, во минатиот век значителни површини биле пошумени со четинарски видови. Особено густа пошуменост има во највисоките делови, над 1200 m. Во овој висински појас се и повеќето планински извори, кои се со одлична, питка и студена вода. Дел од изворите се зафатени за чешми или се користат за водоснабдување. Без оглед на споменатите извори, поради големата оголеност, Голак е релативно сиромашен со вода и постојани површински водотеци. Така, од планинското било се спуштаат неколку покарактеристични потоци и реки, меѓу кои попознати се: Бигланска Река, Трсинска Река, Пекљанска Река, Лошана, Петрашевец и др. Овие рекички имаат доста променлив протек, така што во влажен период се вистински реки, а во лето, често пресушуваат. Дел од нив имаат длабо всечени клисурски долини, мошне атрактивни за планинарење, трекинг и планински велосипедизам. Такви се особено долините на Пекљанска, Сушичка и Лошана, во јужниот дел на планината, со помали водопади, брзаци и слапови. Покрај реките, на Голак или во нејговото подножје се изградени повеќе вештачки акумулации. Најголема и најпозната е Калиманци, потоа Лошана северно од с. Разловци и Петрашевец кај Делчево. Првите две акумулации се богати со риби и привлечни за риболовците, но и за бројните посетители кои уживаат во прекрасните пејсажи околу нив.

ФОТО: ПОГЛЕД КОН ОПШТИНА ВИНИЦА ОД ВРВОТ СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
08.08.2012 ГОДИНА

Климата на Голак е континентална во подножјето, до континентално-планинска во највисоките делови. Воздухот е доста чист, богат со кислород, а осончаноста како за планина е долга и изнесува околу 2200-2300 часа годишно. Средногодишната температура е околу 11°С кон подножјето, до 6°С околу врвот Чавка. Во жешките летни денови, температурите на воздухот на врвот на Голак се за 5-6°С пониски отколку во Делчево или Виница, што е вистинско освежување од жештините. Врнежите се во опсег од 600-700 mm годишно, главно во пролетниот и есенскиот период. Во зима, дел од врнежите е во вид на снег, а над 1400 m височина, снегот обично се задржува 2-3 месеци.

ФОТО: ПОГЛЕД КОН ПОМАЛИОТ ВРВ СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН (1508 мНв) СО ИСТОИМЕНАТА ЦРКВА НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
16.02.2018 ГОДИНА

И покрај пошумувања во втората половина на XX век, планината Голак сеуште е сиромашна со шуми. Особено е уништен дабовиот комплекс. Сепак, повисоките предели се со густи листопадни и четинарски комплекси. Покрај тоа, се јавуваат голем број на ретки, ендемични растенија и лековити билки и чаеви кои се берат од месец април па се до месец октомври. Такви се жолт и црвен кантарион, мајчина душица, бела рада, ајдучка трева, бозел, шипинки, капини, диви јагоди, подабиче, нане, јаглика и други. Се среќаваат и голем број на печурки меѓу кои и јадливите вргањ, лисичарка, буковка, срндак итн. Од животинскиот свет, на планината Голак се среќава ситен и крупен дивеч како што се дива свиња, див зајак, лисица, по некоја срна, потоа различни видови на влечуги, птици и др.

Наведените природни вредности, како и културните содржини (археолошки остатоци, цркви, манастири, споменици, манифестации, локалните специјалитети), чинат Голак да биде атрактивна планина. Една од главните потреби на туристите е обновување или изградба на дополнителни солидни сместувачко-угостителски капацитети.

ФОТО: НАСТАП НА ФОЛКЛОРНАТА ГРУПА “НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ” ДЕЛЧЕВО НА МЕЃУНАРОДНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА “ГОЛАЧКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ” НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
08.08.2015 ГОДИНА

ФОТО: НАСТАП НА ФОЛКЛОРНАТА ГРУПА “РУСАЛИИ” с. СЕКИРНИК НА МЕЃУНАРОДНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА “ГОЛАЧКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ” НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
08.08.2012 ГОДИНА

ФОТО: ПУБЛИКА НА МЕЃУНАРОДНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА “ГОЛАЧКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ” НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
08.08.2012 ГОДИНА

Порано, најголем капацитет беше детското одморалиште со 230 легла, но моментално тоа е во многу лоша состојба. Освен него, постојат неколку помали сместувачки капацитети кои работат повремено како што се Вила Гранит, Вила Фротирка, Синдикална Вила, Вила Технозавод, Шумска Вила која е сопственост на Шумско стопанство Голак од Делчево како и неколку камп приколки кои се во релативно добра состојба.

ФОТО: РУИНИРАНА ВНАТРЕШНАТА СОСТОЈБА НА НЕКОГАШНОТО ДЕТСКО ОДМАРАЛИШТЕ НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
21.04.2010 ГОДИНА

Туристичката положба на масивот е одлична бидејќи во радиус од 20 km се неколку града и тоа: Делчево, Македонска Каменица, Виница и Берово. Од Делчево, до самиот врв Чавка, води асфалтен пат, кој неодамна е обновен и во одлична состојба. Во подножјето на Голак пак, поминуваат повеќе значајни регионални патишта, како и меѓународниот пат за Бугарија.

Сето наведено било причина уште од средината на минатиот век Голак да биде поинтензивно користен за туристичка намена со изграден пат, детско одморалиште, неколку други објекти на самиот врв и сл. Затоа, во 1980-тите години бил доста посетуван, како од најмладите, така и од повозрасните. По 2-децениското запуштање, денес повторно се враќа интересот за планината. Обновени се некои капацитети, поставени се повеќе велосипедски и пешачки патеки, а има и размислувања за подигање на зимски спортски центар со скијачки патеки околу врвот Чавка.

Сепак, поради малата височина (1500 m), неповолните експозиции (главно јужни и западни) и несоодветната денивелација на теренот, многу посоодветно би било да се вложат средства во други спортско-рекреативни туристички активности (трекинг, отворени спортски терени, адреналински паркови, маунтбајкинг, параглајдинг и др.). Всушност, Голак има одлични услови за излетнички, спортско–рекреативен, трекинг, маунтбајкинг, геотуризам, зип-лајн, адреналински паркови и други екстремни спортови, параглајдинг, едриличарство и сл.

За развој на туризмот, многу треба да се вложи и во презентација на планината Голак и нејзините вредности, бидејќи истите се слабо познати на македонската јавност. Затоа е неопходно изработка и одржување на веб-страници, понуда на приватно сместување, користење на светски портали за промоција на туристички локалитети и сместување, како Booking.com, TripAdvisor, AirBnb, изведба на поголем број настани и бројни други активности.

Останува да се надеваме дека оваа мала, но атрактивна планина, брзо ќе го врати некогашниот туристички сјај и ќе стане препознатливо и посетено место.

ПРОДОЛЖУВА….

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ВМРО-ДПМНЕ: Узурпирањето на мандатот е со цел Заев да прави притисок и уцени врз пратеници за да обезбеди мнозинство во парламентот
Следна објава Протест на Македонците од Европа против изборниот фалсификат и нелегитимната антиуставна промена на името
Може да Ве интересира:
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Регион

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

октомври 27th, 2021 1304
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Регион

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

мај 14th, 2020 1833
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Регион

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

мај 6th, 2020 1652
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Места и природа

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

март 25th, 2020 2026
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Граѓани

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

јануари 15th, 2020 1606
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Граѓани

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

јануари 14th, 2020 2707
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Регион

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

октомври 14th, 2019 3795
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Регион

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

октомври 12th, 2019 2702
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Регион

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

октомври 11th, 2019 2598
Жена на денот
Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

1300
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

2991
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
Хорор во с.Желино (Тетовско)- Татко го пpoбoдел синот со нoж
Македонија

Хорор во с.Желино (Тетовско)- Татко го пpoбoдел синот со нoж

Јул 1st, 2019 990
Ќулавковa -  “Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка”
Македонија

Ќулавковa - “Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка”

Мај 9th, 201930
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Наќе Чулев: Голема благодарност за сите колеги-полицајци кои даваат огромен допринос за превенција на поголема криза
Македонија

Наќе Чулев: Голема благодарност за сите колеги-полицајци кои даваат огромен допринос за превенција на поголема криза

Мар 16th, 202019
Прекрасни цитати за зимата кои ја топлат душата во овој магичен период
Магазин

Прекрасни цитати за зимата кои ја топлат душата во овој магичен период

Дек 8th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.