• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

јануари 14th, 2020 Граѓани, Регион, Што да се види?, Што да се прави? коментари 2708

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Ако денот по утрото се познава кај сите останати, во село Ѕвегор денешниот ден по вчерашниот се позна’. Затоа што секоја година на 13 Јануари во доцните ноќни часови се прават последните подготовки за она нешто кое се очекува цела година.

14-ти Јануари утрото во селото Ѕвегор започнува со тивок шепот негде веднаш после полноќ:

“Станувај сурваскар, некој, ега те пушка р’гне”…

-А не знае домаќинката дека сурваскарот воопшто не легнувал да спие…

Брдничавите панталони легнуваа како чаршав за јувки на ливада, само по рапави… Ако…

Тие се единствен спас за свирежот на суровата Кал’чка штотуку изделкана од некоја крива врба-на врв брда. Мрда!

https://www.facebook.com/DestinationDelcevo/videos/468231127198782/

А свирежите многу да му се сневиди… Минатата година чинам бајаги тешка била. Зли духови колку што ти душа сака… Ама ако… Сурова е денот кога во Ѕвегор-Ѕвегорци прогласуваат бој против злите духови. Се разбегаа кутрите, џаде фатија во неповрат.

И откако брдницата си го најде својот стопан, пепелта, сувите пиперки, неузрнетата пченка, кошарите со сено, вилите, смешното кандило со чудниот темјан? застанати во работните раце на гордите Ѕвегорци, пополека низ селските сокачиња почнува танцот на сенките и смрзнатите воздишки. Река од гротескни ликови маскирани како за патување кон крај на светот, се слеваат кон селскиот дом да го започнат театарот кој во ова село како никогаш и да не завршил… На скромната светлина која од хоризонтот на другата страна на светот пополека почнува да раѓа нова живост во ова Пијанечко село, како темни силуети почнуваат да шараат новите актери на старата приказна. 

https://www.facebook.com/dzvegorskasurova/videos/2838195486273092/

По некоја песна, ситна пцовка, здраво-живо за бериќет на годината… Започнува да вергла машината наречена Ѕвегорска Сурова 2020 година. Оваа година групата составена од 70-тина не толку строго дефинирани карактери го започнува својот репетитивен од’, по којзнае кој пат почнувајќи секогаш од истата куќа.. Студот кој што беше налегнал над плеќите на планината Влаина, и тој се раскрена… Секако во тоа нешто помогна “жешката” Ѕвегорска ракија која како секоја година и минатата година недостигаше поради “големата суша” која ги зафати овие простори… А домаќините што се наоѓаат први во тефтерите за данок оваа година веќе беа на нозе да си го “отплатат” својот дел кон државата чие што име иако никаде непишано никој нема смелост да се осуди да го менува. 

Данокот се состои од ракија, јаболки, ореви, компир, месо, грав,, шарени бомбони, шеќер и по некоја пара… Најмладите и најсилните суроваскари беа задолжени за носење на компирот, јаболките, гравот… За прибирање и носење на ракијата во селото одеднаш снема садови па суроваскарите мораа да се снаоѓаат на импровизиран начин со нејзино пиење… За да не останат домаќините сомничави дека не им ја “аресале” ракијата…

Пополека и кучињата во селото почнаа да се будат, на кои за време на Сурова им е најтешко. Дека функцијата им е загрозена како чувари на имотот и куќите, на кои пред налетот на суроваскарите им нема “одбрана”.

Првиот одмор (од нога) што се вели е задолжителен зошто до крајот на денот тоа е единствениот одмор кој им следува на учесниците на оваа т.н. голема свадба. со гревање на сонцето веќе на четврт небо суроваскарската поворка почнува да го добива својот препознатлив лик и ритам на случување.

Ниту една куќа не смее да биде одмината. А пред куќи-трпези. Колку куќи толку седенки, здравици, благослови и поздрави. Специфичниот деликатес “Пача” се погоди оваа година. А Пача се знае како “лизга” со ракија. Зурлите и тапаните добиваат на својата жестина. Домаќините сакаат да заиграат со суроваскарите. Најмногу со Циганките. Домаќинките сето тоа го набљудуваат со пола поглед. Годината пред нас ќе биде даровита. Оваа Ѕвегорска сурова беше прибежиште на две мечки и едно мече. Мечкарите задоволни од даровите за мечката. Одвреме навреме невестата и младоженецот ги снемуваше од поворката и секогаш кога се враќаа, невестата некако се држеше за половината… Млада невеста со ишијас не е можно да се згоди, иако во Ѕвегорска сурова се е дозволено.

Пополека свадбарите пристигнаа во домот на овогодинешниот кум. А таму и од пиле млеко… Ракија де! (Млеко не се пие одамна на овој ден). И повторно тапани, зурли, ора, здравици, благослови итн…

Така до последното домаќинство…

Откако беше поминато целото село, редно време беше невестата да се однесе да се напие вода на селската чешма…

И токму сега почнува она што се вели “Суроваскарска мудрост на кал’чката”.

Три-Четири: Суровааааа! Три-Четири: Суровааааа! Три-Четири: Суровааааа!

Детали за она што следуваше нема да Ви пренесеме. За сите љубопитни наредна прилика да го доживеат ова автентично културно и традиционално изворно добро догодина на истиот датум и на истото место.

На сите жители на селото Ѕвегор од се срце им посакуваме среќна и бериќетна стара нова година. Да не’ радуваат како од памтивек, така и во иднина… Онака како што тие знаат и умеат.

Ова богатство, оваа убавина, не може со зборови да се опише. Затоа уште од сега ги покануваме сеите добронамерници да присуствуваат на наредната Ѕвегорска сурова која ќе се одржи на 14-ти Јануари 2021 година.

Здравје, среќа, мир и благосостојба на сите Македонци, каде и да се…

Три-Четири: Суровааааа! Три-Четири: Суровааааа! Три-Четири: Суровааааа!

https://www.facebook.com/bregalnicki/videos/1460387300778056/

Впечатоците од овогодинешната Ѕвегорска сурова, веројатно никогаш нема да бидат комплетни. Она што беше видено, се она што беше прикажано од страна на посветените ѕвегорски суроваскари, веројатно ќе остане приказна за паметење и раскажување за секој посетител посебно, толку колку што можел да види и да забележи.

Но едно е вистина: Приказната за Ѕвегорската сурова ниту започнува од нас, ниту ќе заврши со нас. А она што може секој добронамерник да го направи е да понесе дел од богатството на Ѕвегорската сурова со себе, за отварање на поубави хоризонти во неговиот живот, секаде каде и да оди.

“ЅВЕГОРСКА СУРОВА”-СИМБОЛ НА НЕПОКОРОТ НА ЅВЕГОРЦИ НИЗ ИСТОРИЈАТА

Постои една приказна…Пренесувана од колено на колено, од прадедо на внук. покрај топлото земјено огниште сиѕидано од напуканите варовнички камења изнесени од прегратки на планината Влаина…. Таа приказна е постара и од приказната за деветте ѕвегорски воденици кои мелеле лебно жито за цел Пијанец и пошироко…. Приказната за водениците околу кои се исплетени многу кажувања, легенди, настани и анегдоти ќе ја пренесеме во друга прилика….Ако некој праша каде е срцето на Македонија? Од памтивек до ден денешен…. Слободно кажете му: срцето на Македонија е во село Ѕвегор. Зошто тоа е срце на гордост, срце на непокор, срце кое надживеало многу срца… Срце чиј татнеш и ден денес ги тресе старите грамадни плеќи на планината Влаина…Тоа е срце на македонската самобитност и постоење, исполнето со остар дух и карактер, но и со љубов кон праведноста и универзалните човечки вредности.

Оваа приказна не е за богатство создадено од пари, не е за престиж и надмоќ…

Оваа приказна е за постоењето, вербата кон Бога и љубовта за сопствената присутност и пркос кон остатокот од светот. Оваа приказна е за заедништво, посебност и автентичност…Па да започнеме од почеток…На тлото на Пијанец уште во времето од почетокот на цивилизациите сонцето имало своја смисла греејќи ги срцата на генерации Македонци кои опстојувале на овој простор. Уште пред појавата на христијанството во светски рамки, овој простор имал изградено свој карактер, свој дух на препознатливост и автентичност. Хуманизмот пренесен низ вредностите на раното христијанство бил препознаен од народот на овој животен простор околу реката Брегалница и масовно прифатен од домицилното население и пуштил никулци длабоко за генерациите кои следувале.

Славата и почитта на световните и Божјите закони датираат длабоко во битот на населението кое со генерации ги пренесувале ваквите вредности, приспособувајќи ко според сопствените потрени и прилики.Територијата на денешен Пијанец и селото Ѕвегор како срце на овој гео-демографски топоним бил значаен крстопатот кој претставувал врзувачка алка за мноштво политички и општествени прилики кои своја манифестација и интензитет завземале на овие простори.Но секогаш во сите генерални општествени текови забележителна бил уникатната посебност и диференцираност на луѓето кои живееле на овој терен. Оваа уникатност со тек на времето прераснала во автентичност по која народот почнал да се разликува од сите други околу. Оваа “тврдоглавост” и карактерност опстојала во разни форми и преку разни идентитетски симболи може да се забележи до ден денешен.Чествувањето на таа посебност почнала да завзема свој интензитет во народните обичаи, настани, кажувања, преданија и воопшто во целокупното секојдневие на народот. Таа автентичност, таа посебност со специфичен дух на гордост и слободољубивост, станале начин на живот за овој микрорегион кој и покрај тоа што бил епицентар на многу историски општествени и политички збиднувања сепак опстоил во својата изворна форма која била исткаена низ вековите наназад.Коренот на постоењето на василичарскиот обичај најверојатно е врзан со религиска природа. земајќи го во предвид фактот дека истиот се случува во чест на христијанскиот светец Св. Василиј под името “Обрезание Господово”.

Со настанот “Ѕвегорска сурова” се поврзани безброј поединости и специфики според кои овој настан може да се вброи во еден од најоригиналните и најавтентичните живи нематеријални духовни обележја на народот кој живее на овој простор.

Една од тие специфики е поврзана за причините зошто “Ѕвегорска сурова” се случува преку ден на 14-ти Јануари, додека сите останати василичарски обичаи помеѓу народот во другите краишта на Балканот се случуваат вечерта на 13-ти Јануари.

Народниот мудрец секако има одговор за генезата на оваа значајна разлика во одбележувањето на овој празник кај ѕвегорци и “остатокот од светот”.

Имено станува збор за причина која е длабоко всадена и води потекло од поединоста и експлицитната карактерност на самите жители на село Ѕвегор.

Во времето пред поробувањето на овие простори од страна на отоманските освојувачи во селото Ѕвегор овој обред бил организиран и спроведуван вечерта на 13-ти Јануари, како и кај сите тогашни региони и племиња. Но, со освојувањето на Пијанец (а со тоа и селото Ѕвегор) поради стратешката позиција на селото Ѕвегор, тоа било населено претежно од турско (муслиманско) население, кое играло важна улога во контролата на транзициските состојби кои гравитирале на поширокиот простор од двете страни на стратешки значајната (сегашна) планина Влаина.Во такви услови до тогаш домицилното христијанско население било принудено да живее по колибите и спахиските имоти околу селото Ѕвегор. Во еден период во границите на сегашното село Ѕвегор се зборува дека живеело чисто муслиманско население.Но традицијата на ѕвегорци базирана на нивната карактерност, продолжувала да се практикува од страна на населението-христијани, вклучително и традицијата поврзана со василичарскиот обичај.Суроваскарската поворка за време на ѕвегорската сурова во моменти слегувала од колибите околу селото Ѕвегор, и одела од куќа на куќа кај богатите турци во самото село, со што суроваскарите биле дарувани со намирници за секојдневниот живот.

На тогашните отомански власти во регионот, оваа суроваскарска поворка која понекогаш броела и по 150 до 200 суроваскари почнала да им личи на организирана чета која можела да предизвика потенцијални проблеми за турските жители на селото и воопшто самите власти. Не многу ретки биле инцидентите кои се случувале од страна на суроваскарите во текот на вечерните часови на 13-ти јануари вечерта.

Од безбедносни причини локалните отомански управители на областа со проглас го забраниле обредот да не се организира од страна на христијаните.

Но ѕвегорци раководени од нивната карактерност и тврдоглавост веднаш се организирале и решително пошле кај тогашните власти со единствено барање да продолжат да ја организираат “Ѕвегорска сурова”. Биле толку упорни што властите немале друг избор освен да им одобрат да го реализираат традиционалниот обред кој што со столетија пред тоа го организирале. Но услов било тоа да го прават преку денот на 14-ти Јануари, со што можело властите под сјајот на дневната светлина да го контролираат движењето на суроваскарската поворка.

Со тоа гордите ѕвегорци извојувале една значајна победа со ум и разум над тогашниот надмоќен окупатор. Оваа нивна победа ќе се претвори во симбол на непокорот на овој народ кој од друга страна пак ќе им помогне да си ја задржат сопствената поединост и специфика, која и ден денес ја манифестираат.

И уште повеќе:

Самиот настан почнал да добива на тежина во смисла на демонструрање на моќ преку сатира на самите костими, акти и постапки на самите суроваскари кои внесувале немир кај муслиманското население за време на самиот обред. Овој своевиден театар бил манифестација на израз преку кој христијаните им праќале пораки на тогашните власти и жители-турци на селото. Затоа и ден денес се вели дека

“Ѕвегорска сурова” е театар на отворено во кој актерите одат кај публиката да им ја пренесат нивната порака.

А бидејќи претходно ѕвегорци добиле дозвола за рализација на обредот од страна на властите не постоела можност за санкционирање на провокативните гестови од страна на маскираните актери рефлектирани кон околината.

Непокорот и свесноста за сопствената самобитност е главен двигател во секојдневниот живот на секој еден ѕвегорец, независно каде и да оди по светот.

Оваа свесност за сопственото постоење и уникатност прераснала во слободољубивост и непокор кон сите општествени текови независно од политичките трендови, а нејзиното постоење допринело за развој на високо ниво на морал и морални вредности кои блескаат со свој уникатен белег и убавина.

Токму “Ѕвегорска сурова” е една од клучните нишки во везот на телото на овој народ кој ги топли старите но горди плеќи на планината Влаина.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава СДСМ се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, со ставање гребан асфалт...
Следна објава Американската надворешна политика со голем интерес за соработка со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 367
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 555
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 524
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 614
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 492
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 424
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1445
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 359
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 589
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

807
Маж на денот
30 факти за животот на Киану Ривс

30 факти за животот на Киану Ривс

1533
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Хорор во с.Желино (Тетовско)- Татко го пpoбoдел синот со нoж
Македонија

Хорор во с.Желино (Тетовско)- Татко го пpoбoдел синот со нoж

Јул 1st, 2019 990
Ќулавковa -  “Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка”
Македонија

Ќулавковa - “Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка”

Мај 9th, 201930
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Наќе Чулев: Голема благодарност за сите колеги-полицајци кои даваат огромен допринос за превенција на поголема криза
Македонија

Наќе Чулев: Голема благодарност за сите колеги-полицајци кои даваат огромен допринос за превенција на поголема криза

Мар 16th, 202019
Прекрасни цитати за зимата кои ја топлат душата во овој магичен период
Магазин

Прекрасни цитати за зимата кои ја топлат душата во овој магичен период

Дек 8th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.