Брегалничкиот регион е еден од најживописните региони во Македонија но и цел Балкан. Богатството на природни реткости и убавини што лежат на допир од сетилата е огромно.
Една од тие убавини е и Спиковскиот водопад кој се наоѓа на околу 6 км од Пехчево во правец кон границата со Бугарија. Во близина на Туристичкиот локалитет Равна Река низ кој тече истоимената река се наоѓаат двата Спиковски водопади.
До помалиот водопат на 200 метри има уреден пристапен пат. Овој водопад е со висина од околу 2 метри. Другиот, поголемиот спиковски водопад се наоѓа на оддалеченост од околу 300 метри низводно од првиот и тој е со висина од околу 7 метри. И двата водопади се лоцирани на т.н. Спиковски ендек кој што се слева во Равна река.
Во продолжение погледнете го живописното видео од Спиковскиот водопад пренесено преку социјалните мрежи од страна на планинарот Марјан од Пехчево:
Инаку во Пехчево покрај Спиковските водопади се наоѓаат и Љутачките водопади, Скокото и Црнодолскиот водопад кои што заедно со живописната и чиста природа на овој дел од општината претставува вистински рај за одмор и рекреација за сите добронамерници.