BERNAYS PROPAGANDA 2020 TOUR REPORT:
——————————————–
24.3.2020 @ Nish, Feedback (RS)
——————————————-
Дојде и тој вторник 24 март 2020. Тргаме на европска турнеја со Бернејс, прва во 4 години. Некогаш бевме познати како друмски воини, бевме млади и надежни, живеевме на пат и отсвиревме 500 концерти од 2008 до 2016та, за во наредните 4 години да отсвириме само 100, што е во секој смисол далеку под нашите стандарди меѓутоа тоа е сосем друга приказна. Денес ние сме сосема поинаков бенд од оној кој го сними првиот албум и ја отсвире првата европска турнеја во март-април 2009, сега сме релативно стара полу-легендарна приказна која постои 14 години, има 5 студиски албуми, 1 лајв, 1 за америчко тржиште, плус 2 ремикс албума, плус 2-3 синглици а 40+ се заканува да биде просек на возраст во групата. Што би се рекло во Алан Форд: Лесно е да си млад и успешен, ајде да те видиме да си стар и неуспешен:)
Да не дужам, тргнавме за Ниш околу пладне за да си овозможиме пријатно патување. Брзо ја поминуваме границата(добро им е ова со заеднички џандари и царина) и со сите попатни заебанции и изедени + сендвич-два, смоки, чоколадо, бурек, ѓеврек, шверцано гане, кафе, сок, по една за добар пат…стигнуваме во градот херој Ниш. Познат терен иако реално немаме свирено 4 години. Паркираме буквално пред Фидбек и одиме до кај Цека да се поздравиме и да му ги раскопаме плочите. Цека е првиот сопственик на Фидбек и наш стар другар кој има продавница за плочи на истата улица каде ќе свириме вечер, така да времето до тонската помина додека кажеш Ивкова слава. А ние такви, какви што сме пргави на чело со Дени завршивме проба до 6 поручек што би се рекло добри 4-5 саати дремење до концерт што е секогаш добар почеток на турнеја, време кога заедно се потсеќаме на сите предходни турнеи и се што тие со себе си донеле и однеле. Доаѓаат полека, полека луѓе и веќе до 21:30 местото е прилично полно. Еј, 100-тина луѓе во вторник на Бернејс во Ниш не е лошо:) Фина екипа се собра, сите се расположени…се гледа дека ќе биде добар концерт. Гледаме дека не сме ја пипнале пицата(ја пакуваме за у кола:), ама пивото убаво сме го десеткувале. Фрламе пар заебанции меѓу себе, чисто да разбиеме трема и вака-така си дојде време за настап. Почнуваме точно во 22:00!!! Завршуваме точно во 23:30!!! Прв пат свиревме бис у Ниш!!! Ем профи, ем сеуште добар и поштен DIY бенд, тоа сме ние. Испотени и насмеани, публиката расположена и нарачува уште по една пијачка пред идење, од разглас тргнува Нил Јанг, ние си честитаме меѓу себе, некои клинци ја земаат сет листата, газдите дадоа рака али така усред зезање ние успут брзо ја собравме нашата опрема( До душа, семплер, шур бета 58, 2 гитари, два баса и два сталка не се баш 2 тона опрема:) и ја спакувавме во кола. Пред да тргнеме за Будимпешта(точно во 01:00…Дени вози прв:) седнувам на шанкот, нарачувам 3 Нишки пива и еден жут сок и ги погледнувам Тина, Раде и Дени…моето семејство наредните 17-18 дена низ Европа и си викам: Добар е тимов, имаме шанси бар за полуфинале лига Европа да стигнеме и тоа што би се рекло со леб и маргарин, само со наше производство, наши деца. Пиеме пијачките, се поздравуваме со шефовите на концертот и публиката што заостана, влагаме у тоа малото фордче…се пребројуваме: 1,2,3,4…сите сме тука…затвараме врати..прва лево, прва десно, пак прва десно, право после мостот и цепај дур не видиш знак Белград. Будимпешта, доаѓаме рано сабајле..со првите леб и млеко:) !!!
Лека ноќ Ниш и фала.
Пишува: Васко Атанасоски