Достоинството и почитување на волјата на македонскиот народ потврдена од последниот референдум како и резултатите од најновиот изборен фалсификат ја побудуваат македонската дијаспора од Европа да го крене својот глас и крик за македонските правдини.
Во тој контекст, Координативното тело на Македонците од Европа повикува на голем масовен протест пред седиштето на Европската Унија во Брисел, во сабота 19 септември 2020 година.
Легитимноста на македонскиот народ е узурпирана од една коруптивна мафијашка структура наречена северна, чија крајна цел е комплетна деструкција на македонската држава и правен систем. Откога неправдата и нелегитимноста се инкорпорирани во опшеството, отпорот станува основно средство на реакција и должност.
Дали мирно ќе го набљудуваме процесот на македонското уништување и држава?
Нашиот отпор во дијаспората нека биде зачетокот на нови протести и непризнавање на вештачка северна држава. Да бидеме горди и решителни во докажувањето на македонските неправди пред Европските институции и пошироко. Само со масовност и решителност ќе можеме да допринесеме во зачувувањето на македонската држава и идентитет .
Секогаш Македонија, никогаш Сев…а.
Координативно тело за протести на Македонците од Европа
Женева , Лондон, Хелсинки , Брисел, 16 август , 2020.