Што не кажете дека сите потекнуваме од диносауруси и конечно да престанат сите национални поделби во светот?
Од “антиквизација” со Скопје 2014 преминавме на “праисторизација”. Александар Македонски ќе го рушиме, ама ќе правиме диносауруси кои шетаат меѓу скопјани.
Тоа е тоа обезличување и уништување на Македонскиот национален идентитет. На крај ќе кажат дека наши претци биле диносаурусите за да не се расправаат бугарите, грците, србите, албанците за тоа чии се Македонците… и дури тогаш ќе бидеме спремни да ја избришаме Македонската држава во име на заедничката праисториска генеза и потекло од диносаурусите.
Расипничкото трошење на парите на граѓаните во услови на светска и домашна криза во која е неизвесна егзистенцијата на голем број на семејства кои живеат под прагот на сиромаштијата е злодело против сопствениот народ и треба да се одговара.
Расипничкото трошење на парите на граѓаните во време на општа криза е злодело против сопствениот народ и треба да се одговара


