• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата “Св. Архангел Михаил” во село Драмче, делчевско

ноември 21st, 2020 Што да се прави? коментари 1414

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата “Св. Архангел Михаил” во село Драмче, делчевско

21 Ноември секоја година во Православниот календар е резервиран за верскиот празник „Св. Архангел Михаил“. Кај истоимената погребна црква во село Драмче, во делчевско овој празник во минатите години се празнуваше со посебен пиетет и посветеност од страна на жителите на селото. Оваа година на денешниот празник пандемијата со Ковит 19 си го зеде својот данок, така што во долот под драмчанските дабје тишината е единственото нешто што можеше да се наслушне. Денеска го нема големиот народен собор кај црквата “Св. Архангел Михаил”, ги нема тапаните, ќеменето, тамбурите… го немаше орото Копачка…. Само студениот ноемвриски ветер струеше низ околната корија која немо сведочи за празнилото.

Денеска во пладневните часови можеа да се забележат единствено ретки индивидуални посети на црквата од страна на верниците, со забележлива примена на протоколите за социјална дистанца. Семејните колачи, погачи, пченицата со ореви останаа на домашните трпези во слава на денешниот духовен светец.

Традицијата на жителите на Пијанец како и во селото Драмче во празнувањето на празникот посветен на Св. Архангел Михаил од памтивек е особено силна и богата. Со празнувањето на овој ден во целиот пијанечки регион се означувало крај на традиционалните масовни народни собори за тековната година по кои што се карактеризирал самиот регион. Секое населено место во регионот си има свој соборен ден кој секогаш е поврзан со одреден верски празник. На тој начин во социолошка смисла опстојувал народот на Пијанечкиот регион во заедништво со векови. Во сеќавањата на повозрасните жители на Пијанец опстојуваат кажувањата за пограничните собори кои се одржувале до пред 20-тина години на граничната линија на Македонија со Бугарија.

Самото празнување на Соборот на Св. Архангел Михаил во село Драмче во минатото беше особено живописно и богато со љубов кон традицијата и верата.

За денот на верскиот празник „Св. Архангел Михаил“ уште од претходната година се знаше кои луѓе и колку на број ќе даваат курбан.

Посетителите на курбанот како и кумовите кои даваа курбан, носеа погача, баница, туршија, сирење, салати од зелка и компир и домашна сливова или џанкова ракија, како и свој прибор за главното јадење. Секој го поставуваше својот рачно исткаен пешкир со донесените продукти и прави таканаречен колак. Тие се редеа еден до друг во трпеза, но на земјата. На местото на настанот, кумовите го подготвуваа главното јадење- курбан, кое што е во зависност од тоа дали празникот е во посен или мрсен ден. Кога се мрси секој кум си коле по едно јагне, од кое во бакарни казани се готви манастирска манџа. Таа покрај јагнешкото месо се состои и од зеленчуци: пипер; патлиџан син и модар; моркови; кромид; ориз, сол, запршка и на крајот се додава магданос. Додека кога се пости за крбан се спрема грав (боб) по стандарден рецепт и риба, со посни салати. 

Членовите на ФГ „Копачка“ од с. Драмче, Делчево беа редовен посетител на овој православен курбан. Бидејки групата е формирана од играорци од оваа село, нејзините членови се заложуваат за зачувување на автентичниот начин на носење на курбан за овој ден со сите белези како некогаш. Така тие овде доаѓаат често и во народна носија, која ја препорачуваат и на другите посетители кој што располага со такви елементи да ги користи за доловување на некогашниот етно амбиент на вакви прослави.

Кога доаѓаат посетителите и гостите на настанот, влегуваат во црквата „Св. Архангел Михаил“ ја следат богослужбата и си палат свеќи за здравје. Се реди трпезата и се готви ручекот. 

Кога се соберат доволно посетители, може да започне и веселењето: пеењето, играњето и музицирањето на изворни инструменти. Во овој дел водечко место го заземаат членовите на далеку познатата ФГ „Копачка“ од с. Драмче. 

Откако е готов ручекот – курбан, свештеникот го осветува и благословува јадењето.

Пред да се дели ручекот се поминува со кошница во која секој става свој подарок во пари за да добие курбан.

По делењето на курбанот, се преоѓа кон општонародна веселба.

Вака било низ годините наназад.

Оваа година сето ова недостигаше. До некое наредно празнување на овој ден, останува традицијата да биде негувана во спомените на оние кои што живееле со истата…

Фото Архива од одбележување на празникот Св. Архангел Михаил од минати години

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Власта прогласува кризна состојба на територија на цела држава па веднаш започнува кампања за избори! Македонија е на апарати
Следна објава УМС на ВМРО-ДПМНЕ во спомен на "Денот на дрвото" денеска засади зимзелени дрвца за почиста животна средина
Може да Ве интересира:
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Регион

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

октомври 27th, 2021 1358
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Регион

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

јуни 19th, 2021 1152
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Регион

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

мај 6th, 2020 2710
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Места и природа

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

март 25th, 2020 2065
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Граѓани

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

јануари 15th, 2020 1650
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Граѓани

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

јануари 14th, 2020 2748
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Регион

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

јануари 12th, 2020 2271
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Регион

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

ноември 19th, 2019 1881
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Регион

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

октомври 14th, 2019 3841
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

599
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1905
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202120
Христијан Мицкоски со честитка по повод верскиот празник Рамазан Бајрам
Македонија

Христијан Мицкоски со честитка по повод верскиот празник Рамазан Бајрам

Јун 4th, 201919
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.