Здружението на македонски емигранти во Швајцарија “Александар Македонски” зеде учество во промотивен ден на општината Ивердон во Швајцарија.
На 26 јуни 2022 година членови на ова здружение со свои национални обележја, песни и ора беа дел од поголемата поворка која што продефилира низ центарот на Иведрон, со што го свртеа вниманието на останатите учесници во дефилето како и граѓаните кои како публика го следеа настанот.
Во рамки на настанот македоците од Швајцарија можеа слободно да ги покажат своите национални симболи, своите историски личности, со кои се идентификуваат да пеат Македонски песни, да играат Македонски ора, пренесувани од нивните предци….
“Друштвото Александар Македонски учествуваше на манифестација организирана од општината преставувајќи се со симболите на македонскиот народ преку културата, музиката, песните, историското минато со комитските носии.
Учесниците добија големи аплаузи од страна на публиката кои присуствуваа на походот низ улиците на градот.”
-информираа од Македонскиот национален совет во Швајцарија.