Под мотото “НЕ на геноцидниот Француски предлог” и слоганот “Да Живее Слободна Македонија!!!” вчера (сабота 23.07.2022 година со почеток во 12.00 часот пред Француската и Бугарската амбасада во Лондон се одржа протест на Македонската заедница во Велика Британија
Припадниците на Македонската заедница во Лондон точно напладне се собраа пред Француската амбасада каде што беше прочитан протестен говор и истакнати транспаренти со кои се искажа незадоволството против Франција, Бугарија и ЕУ на кој начин се однесуваат кон Македонија во однос на евроинтегративните процеси спроведувајки геноцидни политики кон Македонскиот Народ и Македонија и отворено се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија.
Во 13.00ч со протестен марш припадниците на Македонската заедница се упатија до Бугарска Амбасада каде што исто така се искажа револтот против бугарските аспирации за присвојување на Македонскиот идентитет и државност.
На протестот беше упатено протестно писмо до Француската влада и претседателот Макрон во кое што се наведуваат причините за револтот кој што го имаат Македонците кон т.н. Ревидиран Француски предлог.
“Господине Макрон и Француска Владо, со вашиот предлог барате да ја уништите најстарата цивилизација во Европа – Македонија, принудувајќи ја Македонија и Македонците да ги прифатат бугарските наци-фашистички барања кои се легитимирани од Франција и ЕУ.
Истата политика беше наметната и за време на Првата и Втората светска војна, кога нацистичка Германија и дозволи на Бугарија да ја окупира Македонија и да врши терор врз македонскиот народ. Пример за ова е Масакрот во Ваташа (1943), каде што 12 млади Македонски момчиња беа убиени само затоа што одбиле да подлегнат на Бугарските фашистички окупатори. Сега, Бугарија ја продолжува својата националистичка и ксенофобна агенда, само под превезот на таканаречената „Демократија на ЕУ“.
Почитуван Француски народ, можеби не сте свесни што е предлогот на вашиот Претседател и влада, но дозволете ни да ви кажеме дека овој предлог го прекршува секое меѓународно признаено човеково право на кое Македонците имаат право. РФП и барањата на Бугарија се културен геноцид врз македонскиот народ. Тие отелотворуваат највисок степен на дискриминација и отворено се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија, спротивно на меѓународното право.”
-стои во дел од писмото кое што Македонската заедница го упати до француската амбасадорка во Лондон на Македонски и на Француски јазик.
Целото писмо го пренесуваме во продолжение:


