“Македонски јазик во Швајцарија
После неколку годишна упорна работа во организирање на настава по македонски јазик во Женева, конечно се добија и првите плодови од истата.
Во Кантоналниот образован систем, оние ученици кои посетуваат дополнителна настава по мајчин јазик се исто така вреднувани и нивните постигања се ценети како позитивни вредности и придобивки во интеграцијата во швајцарското општество.
Македонскиот јазик како таков, фигурира во низата на одобрени јазици за изучување , без никакви фус ноти и забелешки .
Овие свидетелства и потврди се од огромно значење во борбата за опстојување и докажување како Македонец со македонски јазик.
Подолу во текстот:
“Отценување за мајчиниот јазик
Македонски 5.5 ( 6 максимум )
Ученикот ….. посетуваше настава по македонски јазик во текот на целата учебна школска година .
Ученикот се залага и превзема иницијатива во учество на разни активности и напредува постојано.”
Наставник , Женева 23 јуни 2022″
-соопштение до јавноста на Драган Стоиловски од Швајцарија


