Иако во изминатиот период беа на две спротивставени страни во врска со своите ставови со изминатиот референдум за промена на името на Република Македонија, сепак во духот на христијанството Отец Пимен на социјалните мрежи сподели заедничка фотографија со Владиката Агатангел и упати порака до народот:
Спротиставени ставови, а единствени во љубовта во Христа.
Време е да научите дека може да мислиме различно и да дебатираме за тоа, а сепак да не се мразиме.
Ако пак не извлечете поука сетете се на зборовите Христови:
“Штом Мојсеја и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат.”(Лука 16,31)
Ај за многу години!
Ум во глава и љубов во срцата, а не камен во раката.
-напиша на фејсбук Отец Пимен.