• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

“Го сакам Водно” со шокантни причини бараат запирање на изградбата на гасоводот низ Водно

октомври 29th, 2018 Македонија коментари 828

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
“Го сакам Водно” со шокантни причини бараат запирање на изградбата на гасоводот низ Водно

Граѓанската иницијатива “Го сакам Водно” на фејсбук изнесува редица на шокантни аргументи кои се придружени на актуелната изведба на гасоводот на планината Водно.

Во продолжение ги пренесуваме истите интегрално:

БАРАМЕ ИТНО ПРЕКИНУВАЊЕ НА СИТЕ АКТИВНОСТИ НА ИЗГРАДБА НА ГАСОВОДОТ НИЗ ВОДНО!

ЗАГРОЗЕН Е ЖИВОТОТ НА РАБОТНИЦИТЕ НА ТЕРЕН

После месечна борба на претставки и жалби, стигнавме до амбис. Буквален и фигуративен. На спустот према Шишево багерите се на ивица од провалија. Се работи на исклучително тежок терен со наклони од 63% во должина од 107 метри, од 71% во должина од 163 метри, итн. Работниците треба да ги носат багерите во амбис, зошто така оди трасата на гасоводот. Неколку дрвја се гледаат напред и после тоа пука видик, зошто дрвјата се удолу. Треба да го ризикуваат својот живот за да се продолжи лудилово – по секоја цена гасовод низ Водно.
Потребни ли се жртви да паднат за да запре ова лудило?!! Дури тогаш ли Владата, институциите, инспекторатите ќе се повикуваат на цела низа недоследности, пропусти и го стопираат градењето?

До сега иницијативата Го сакам Водно до разни инспекторати има испратено околу 30 претставки, жалби во кои има укажано за пропусти и недозволени состојби. Едни немале доволно луѓе за да излезат не терен, други биле, ама сè било во ред, трети не биле надлежни… се тера, како сè да е во најдобар ред, а ништо не е во ред. Див запад.

ИГНОРИРАЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ЕРОЗИЈА

Мерките за заштита од ерозија не се применуваат, а се потребни на сите наклони на трасата поголеми од 20%, во парк-шумата Водно препорачано е да се имплементираат низ целата делница. Мерките не се применуваат, зошто постапката за јавна набавка за избор на фирма која ќе ги спроведе не е завршена. Планот за заштита од ерозија, така прикрпен, е доставен пред еден месец до МЕР и Министерството за транспорт и врски, после нашето барање за достава на истиот.
Дали некој од надлежните излезе со став да не се гради, зошто нема кој да ги спроведе мерките за заштита од ерозија? Не. Се има правосилно одобрение за градење. Толку. Преведено на јазикот на институциите: може да се прави што се сака, по секоја цена.

СИМПТОМАТИЧНО ОБНОВУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА СЕЧА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ

Решението за сеча на Град Скопје, истото она што истече пред повеќе од месец дена, е бесправно издадено, бидејќи е издадено за реализација на правосилно одобрение за градење, но проектираната траса не е користена за да се пресмета проценката за штета и висината на средствата од МЕР исплатени на Град Скопје, што е предуслов за да се издаде Решението.
За тоа е користена изменета траса, која не е дел од тоа одобрение за градење и која сè уште не е одобрена. Владеење на правото? Секако дека Не.
На ова вакво истечено Решение од повеќе од три недели, после нашето алармирање, МЕР бара да му се измени рокот и Град Скопје веднаш го менува од 30 дена, до 1 март 2019. Ние, граѓаните и жители на Скопје, не сме имале право да се жалиме на ова бесправно Решение за сеча во парк-шума Водно, добро од јавен интерес, бидејќи не сме била странка. Јавноста за јавен интерес нема право да се жали.

СТУДИЈАТА ЗА ОВЖС – МОЖЕН ФАЛСИФИКАТ

Дека целиов процес е правна дупка до дупка, потврдува и студијата за ОВЖС која оценува како ќе влијае проектот врз животната средина, при што еден од професорите потпишан како соработник сам, јавно се иззема, изјавувајќи дека прв пат слуша дека бил дел од изработката на ваков проект. Директорката на фирмата Технолаб, која стои зад изработката на студијата потврди пред сите, пред Реџепи, Макрадули, Шилегов, пред член од инспекцискиот совет,
пред професорот од шумарски Иван Блинков и редица други, дека е во прашање ПЕЧАТНА грешка каде што стои името на професорот Мицевски како соработник.
Печатна грешка после 7 години од печатење на студијата?! Лажирано име на соработник = печатна грешка? И оваа студија е валидна и врз основа на неа се спроведува проектот?! И сите глумат дека не е страшно што имаат потенцијален фалсификат во рацете.

На страна сите недостатоци во неа, застареноста, немање на јавна расправа за граѓаните да се запознаат, и слично, колку вакви грешки ќе ни се сервираат како “техничка грешка”? Зошто никој, а пред сè министерот Сугаревски, кој ја има можноста, не ја запира постапка и не вели дека ова навистина ги преминува сите мерки и дека проектот мора да претрпи ревизија? Се нема политичка волја да се преиспита.

НЕМАЊЕ ДОЗВОЛА/МИСЛЕЊЕ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА ЗА ГРАДБА ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА БУНКЕРИ И ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЈАВНАТА БЕЗБЕДНОСТ

Дали АРМ и Министерството за одбрана дале мислење за трасата на гасоводот да оди покрај бункерите? Кој од таму се сложил дека трасата може да оди ПРЕКУ едниот бункер, во оригиналната траса, а сега кај изменетата да оди покрај?
Главната противвоздушна одбрана на Скопје е сместена тука, па логично е прашањето дали планирате нови бункери, и тоа пак на Водно и по која цена, бидејќи постоечкиве поради близината на гасоводот ќе бидат неупотребливи?!

Дополнително, не се спроведува планот на мерки за непредвидени незгоди за време на изградба, нема детално планирање на управувањето со незгоди, особено во случај на пожар и експлозии и детална проценка на ризиците. Константно го доведувате во опасност животот на граѓаните, и константно ја загрозувате и уништувате животната средина

ЗАКОНИТЕ ЗА ВОДНО И МАТКА НЕ СЕ ДОНЕСЕНИ, ВЛАДИНИТЕ ЗАКЛУЧОЦИ ОД 22.08.2018 СТОЈАТ НЕИЗВРШЕНИ

Ги усвоивте предлозите на МЕР и станаа Владини заклучоци, според кои пред повеќе од месец дена Министерството за животна средина требаше да подготви предлог закон за Водно, за Матка, и за парк шумата Гази Баба, за која тогаш, меѓудругото, никој од вашите служби, не ви кажа дека има веќе донесен закон.

Град Скопје требаше да изготви проект за зелени појаси на Лепенец и Серава, она што предизборно Шилегов го ветуваше. Влада на Република Македонија ги задолжи сите министерства да ги дадат на располагање сите расположиви средства за пошумување. Дали ги дадоа? Колку? За едно исечено 10 ќе се садат? Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев ветија десеткратно пошумување. Дали Град Скопје донесе програма за рекултивација и пошумување? Ветувања многу, реализација нема.

Од сите донесени заклучоци на Владата пред два месеци, само еден се испочитува и тоа веднаш. МЕР да продолжи со изградбата на гасоводот низ парк-шума Водно.

Како ќе го носите законот за Водно, кога во исто време копате и корнете низ него? За да се донесе, треба да се дополни инвентарот со нови податоци за природни живеалишта и видови во парк-шума Водно од национално и ЕУ значење. Како да се направи тоа кога на дневна основа се уништуваат природните живеалишта и видови со продолжување на овој ужасен проект?! Мисли ли некој во оваа држава на општото добро? На почитување на закони и прописи? Законот за Водно требаше да го донесете за 30 дена, кон крајот на септември. За да е готов, треба да се направи биомониторинг на живеалишта и видови, а тоа е невозможно да се направи ако се гради низ Водно. Или планот ви е прво да го изградите гасоводов, да уништите живеалишта и видови, па после да носите мртов Закон за немање потреба од заштита на Водно?

Лошиов проект бил наследен и не можело ништо да се направи.
Кој гради и не почитува ни закон, ни пропис, ни мерки, ништо?
Кој работи на високи падови без да има одобрен план за заштита од ерозија и без назначена фирма која ќе го спроведе?
Кој менува рокови на истечено Решение за сеча? Вие. Не претходните.

Уште еднаш ги повикуваме сите движења, организации, професори кои се бават со правата на работниците, човековите права како Ленка, Левичарско движење Солидарност, Mirjana Najchevska да се огласат и го дигнат својот глас против вакво спроведување на гасоводот низ Водно со ставање на ризик на животот на обичниот работник.
Ја повикуваме министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска да преземе итни мерки веднаш и го запре загрозувањето на животот на овие работници. Ја повикуваме министерката Radmila Sekerinska да се изјасни по прашањето на загрозување на јавната безбедност, во контекст на бункерите и гасоводот. Ги повикуваме да ги прекинат сите понатамошни дејствија и повикаат на ревизија на проектот, во надлежност на министерот Goran Sugareski.

На вас е да го запрете лудилото пред да биде прекасно.

ИТНО ПРЕКИНУВАЊЕ НА ИЗГРАДБАТА НА ГАСОВОДОТ НИЗ ВОДНО!

Причина бр. 2
Игнорирање на мерки за заштита од ерозија

Мерките за заштита од ерозија не се применуваат, а се потребни на сите наклони на трасата поголеми од 20%, во парк-шумата Водно препорачано е да се имплементираат низ ЦЕЛАТА делница. Мерките не се применуваат, зошто постапката за јавна набавка за избор на фирма која ќе ги спроведе не е завршена. Планот за заштита од ерозија, така прикрпен, е доставен пред еден месец до МЕР и Министерството за транспорт и врски, после нашето барање за достава на истиот.
ПРЕКИН НА ИЗГРАДБАТА ВЕДНАШ!

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Љубомир Цуцуловски: Достоевски и Толстоевски, прашање на идентитет
Следна објава Најмудрите цитати на сите времиња
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 721
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 650
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 675
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1329
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 608
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 704
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 374
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 466
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 683
Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

2507
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

2041
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1500
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката
Македонија

Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката

Ное 1st, 202118
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.