• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Најава за издание “Македонска Рок Дискографија 1969-2019, Винили” од Тошо Филиповски

ноември 22nd, 2018 Македонија коментари 944

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Најава за издание “Македонска Рок Дискографија 1969-2019, Винили” од Тошо Филиповски

Авторот на Македонската Рок Енциклопедија која беше издадена оваа година, Тошо Филиповски на својот фејсбук профил за наредната година најави издание на уште едно капитално дело кое се однесува на музичката сцена во Македонија во изминатите 40 години.

Притоа самиот автор апелира на поддршка од заинтересирани независни спонзори и финансиери кои би можеле да ја поддржат публикацијата на ова капитално издание.

Во продолжение ја пренесуваме во целост неговата објава на фејсбук:

Почитувани пријатели, лични и од facebook – Во средата, во предвиденото време, исполнив уште една “граѓанска должност” – аплицирав на редовниот годишен конкурс во Министерството за Култура.

Месец дена пред тоа го испочитував и конкурсот во Град Скопје. Тоа значи дека сум навлезен во фазата на собирање на средства за објавување на втората книга, која ќе ја одбележи 50 годишнината од почетокот на дискографското (винилно) творештво на Македонската рок сцена, книга која веќе ја најавив – “Македонска Рок Дискографија 1969-2019, Винили”.

Работата/подготовките оди со предвиденото темпо, и како што ветив – промоцијата ќе биде во Мај 2019 година. Се надевам дека по објавата на резултатите на овие два конкурси ќе нема тензични ситуации како минатата година….искрено верувам дека овојпат во Комисиите во Министерството за Култура и во Град Скопје ќе бидат вклучени и личности/музичари кои ја познаваат/или и самите се дел од урбаната (пред се музичка – рок – сцена) и кои ќе знаат/можат/сакаат да подржат проекти кои потекнуваат и се однесуваат на рокенрол заедницата – меѓу нив и споменатата монографија (500 full color А 4 страници со бонус 10” винилна компилација).

Но, за да не оставам се на нечија добра волја/лоша проценка, овде, преку социјалнава мрежа, ќе се обидам да го понудам (еве го нудам) проектот/монографијата и на заинтересирани комерцијални спонзори кои можеби во неа ќе препознаат интересен производ преку кој може да претстават своја реклама/бренд….или можеби ќе се најде некој мецена/љубител на рокенролот кој ќе посака да ја поддржи истражувачката приказна или печатењето на книгата.

Бидејќи никогаш не сум бил со само еден проект на кој работам (паралелно ги средувам и информациите/податоците/контурите за уште 3 капитални изданија поврзани со историјата на Македонската Рок Сцена), поддршката која ја барам се однесува/ми е потребна за еден подолготраен истражувачки процес кој изискува и посветеност (неа ја има во изобилие) но и финансиски средства и техничка опременост (со обете особено лошо стојам 🙁) – потребни за патување, “копање”, обработка, дигитализирање, архивирање, објавување…..

Можеби е невообичаен начин но ете, доколку знаете/сте некој кој може да помогне – би бил благодарен ако само и добијам некој контакт каде да се обратам – со кого да поразговарам. Во најмала рака, и добар муабет и морална поддршка … едно кафе-муабет…..значат многу. 🙂

Притоа Тошо Филиповски најави цела агенда на активности поврзани со промоцијата и популаризацијата на неговото претходно издание со која Македонската рок Енциклопедија ќе биде промовирана во повеќе прилики и локации ширум Македонија.

Ова е неговата најава за оваа активност:

Драги пријатели, со огромно задоволство ги најавувам новите две активности поврзани со “Македонска Рок Енциклопедија (1963-2018), Прв Том” !!!!
– петок (23.11.) Скопје;
Кратко предавање за “Историјата на Македонската Рок
Сцена”, и промоција на Македонската Рок Енциклопедија
пред студентите на Факултетот за Музичка Уметност во 
Скопје – благодарност до професорката Јулијана Жабева.
– среда (28.11.) – Пионерски Дом – Гевгелија, 20:00 часот.
Промоција на Македонската Рок
Енциклопедија….благодарение на Мими Стојанова.

Повеќе детали за обата настани…деновиве 🙂)

Се надевам дека наскоро, освен договорената промоција во Гевгелија, ќе следуваат и други промоции низ Македонија…..Прилеп, Велес, Кичево, Гостивар, Струга, Демир Капија, Демир Хисар, Македонски Брод, Кратово, Радовиш, Пробиштип, Виница, Берово, Пехчево, Делчево, Струмица, Валандово, Неготино…..уште многу урбани средини во кои “Македонска Рок Енциклопедија” не е достапна за љубителите….а ниту е направена промоција….Искрено верувам дека ке добијам покана и од овие градови, и во наредните неколку месеци ќе ја прошетаме цела Македонија…таман до објавата на мојата следна книга, монографијата: “Македонска Рок Дискографија, 1969-2019 (Винили)”

Продажни места во Македонија и надвор од неа….
mail-order (Corpus Delicti Records)
AП(o)TEKA – МКЦ, Скопје
Книжарница ЛИТЕРАТУРА.МК – Скопје
ЈУГОТОН – ГТЦ, Скопје
Книжарница ИЛИ-ИЛИ – Скопје
Кафе Бар COFFEIN – Лептокарија, Скопје
Кафе Бар CONCEPT 37 – ул. Рузвелтова – Скопје
Книжарница КУЛТУРА – Центар, Скопје
Книжарница ТРИ – Дебар Маало, Скопје
Книжарница ТРИ – ГТЦ, Скопје
Музички Инструменти ДО-РЕ-МИ – МКЦ, Скопје
Книжарница АРТ КАФЕ – Штип
Комисион ШИШКО – Кочани
Книжарница УРБАНИУМ – Битола
ШИШМАН Рекордс – Битола
Книжарница ХАРТИЈА Комерц – Тетово
Мезе Бар БУРЕ БАРУТ – Тетово
Книжарница SAGA GROS – Гевгелија
Книжарница ВИКЕЛИ Дооел – Прилеп
Книжарница ДИРИКОН – Кавадарци
Книжарница ПРОСВЕТА – Охрид
Музичка Продавница ЗЗ ТОП – Охрид
Книжарница КИЖЕ ДООЕЛ – Кичево
Книжарница КУТЛЕШ – Виница
Книжарница КЛИО – Струга
Tobacco KUBA – Свети Николе
Дом на Култура – Богданци
Книжарница ХАНИБАЛ – Куманово
Продавница АУДИО ЦЕНТАР БОЛИН – ГТЦ Скопје
VINTAGE SHOP – Ниш (Србија)
DIRTY OLD SHOP – Загреб (Хрватска)
“shtand na otvorenom – Sale Veruda” – Пула (Хрватска)
Софија – (Бугарија):)

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Денот на албанската азбука во Македонија се прославува само со албанско знаме
Следна објава Форум театар за борба против меѓуврсничкото насилство во училишта во Виница
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 564
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 542
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 533
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1193
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 321
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 560
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

727
Маж на денот
30 факти за животот на Киану Ривс

30 факти за животот на Киану Ривс

1595
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.