Во организација на здружението на фризери, бербери и козметичари од Прилеп, над 150 учесници, фризери, бербери и козметичари од Македонија и странство се дел од големиот спектакл „Prilep Special Show“ кој започна во домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Манифестација за прв пат се одржа минатата година и предизвика огромен интерес кај јавноста затоа што е единствен настан од ваков вид во Македонија.
Според организаторите овој настан претставува пред се добра забава, дружење и многу креативност, како за учесниците така и за присутните. „Денеска се наоѓаме во просториите на ЦК „Марко Цепенков“ каде се одржува вториот по ред „Prilep Special Show“. Целта на овој настан е сите фризери, бербери, козметиари да се соберат на едно место да ги покажат нивните најдобри способности пред цела публика и пред цела јавност од Македонија и пошироко.
Годинешната манифестација ја направивме од интернационален карактер, а најбитно е што ја отворивме со учениците од нашето училиште од каде водиме сите корени“ – изјави Сузана Ревушковска, организатор на настанот.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во сценографијата одбрана од филм по нивна желба која преку фризури, шминка и гардероба ќе биде доловена на сцената, како и едукативна работилница и забава за сите учесници.


