Децата со попреченост во развојот од Велес ќе имаат можност да поминуваат дел од своето слободно време во ново детско игралиште.
Ротационо катче, дупла лулашка, комбинирана клацкалка за деца со посебни потреби се справите кои ќе можат да се користат.
Проектот се реализира во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија.