Четири лица го изгубија својот живот, а 12 се повредени во нападот во Стразбур, за кој надлежните сметаат дека е терористички чин. Напаѓачот е идентификуван како 29-годишен маж по име Шериф Чекат, роден во Стразбур. Градоначалникот на Стразбур објави ден на жалост по нападот во градот.Затворен е центарот на градот, запрен и е трамвајскиот сообраќај, а затворен е и Европскиот парламент.




