• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Александар Николоски – Македонија губи поради неспособноста на Заев, која мора да биде заменета со компетентност, стручност и посветеност!

декември 22nd, 2018 Македонија, Политика коментари 760

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

“ Како што наближува крајот на годината, секогаш почнуваат да се поставуваат прашањата – каква беше годината што помина, дали бевме посреќни, подостоинствени, побогати, полесно ја поминавме или не. Ако на ова се додадат и трошоците кои секогаш се појавуваат на крајот на годината за разните слави и прослави кои кај нас традиционално траат цел месец – од Св. Никола до Водици, тогаш се знае дека секој погледнува во својот џеб, како и проекциите каков ќе му биде животот во годината што доаѓа. Немам намера ова да биде колумна со која ќе дадам оценка на годината што помина, тоа ќе го задржам за следната колумна која ќе биде околу Нова година на истите овие странци, кога би сакал да дадам мој подолг осврт на годинава што поминува. Сега само сакам да кажам – народот е посиромашен од претходно, за жал во 2019 ќе биде уште посиромашен, а во исто време и со уништено достоинство. Кога Зоран Заев и Никола Димитров влегоа во авантурата за менување на името на Македонија, ветуваа дека тоа ќе донесе европска и НАТО-интеграција, ќе донесе подобар живот, поголема благосостојба и повеќе пари кај народот. Поедноставено пораката им се сведуваше – ќе изгубиме на достоинство, но ќе добиеме материјално. Ова е пристап што јас со индигнација го отфрлам, но ете тие веруваат во тоа, што говори за нивната морална вертикала која, за жал, ја немаат. Во истото успеаја да убедат и еден помал дел од народот, кој соочен со беспарица, тежок живот и битка за подобар иднина поверува во ова. На крај заклучокот е дека како народ го изгубивме достоинството, а подобриот живот не дојде.

Текстов го пишувам од Брисел и за жал морам да констатирам дека како никогаш порано сум песимист околу можноста во јуни 2019 година Македонија да почне преговори за членство со ЕУ. Тие преговори, според власта, требаше да бидат круната на целиот процес. Од овде можам да кажам дека веројатноста Македонија да почне преговори за членство во ЕУ во 2019 е сведена на теорија. Со многу едноставно образложение – владата на Заев не испорачува ништо во делот на реформите кои треба да значат подобар живот на граѓаните. Сите со кои разговарам во Брисел го велат истото – може да станете членка на ЕУ само и доколку напредувате кон нашите стандарди. Во моментов Владата не испорачува во делот на реформи. Да – го потпиша договорот од Преспа, но тоа не е доволно. Значи да сме на јасно што вели Брисел – промената на името не е доволна не само за членство во ЕУ, туку и воопшто за почеток на преговори со ЕУ. За да се случи тоа Македонија мора радикално да се менува, пред сè во делот на владеење на правото, во работата на јавната администрација, борбата со корупција, како и силно економски да напредува преку нови инвестиции и нови работни места. Заев и Димитров треба да знаат дека до изгласувањето на уставните амандмани ќе им замижуваат за сè. Но потоа следува реалната критика. Што мислат Заев и неговите соработници – дека во Брисел не знаат дека нема никакви реформи во судството и обвинителството и дека нивната злоупотреба во политички цели е на историски највисоко ниво. Или мислат дека во Брисел не го читаат извештајот на „Транспаренси интернешенел“, кој вели дека Македонија е на рекордно најниско место по перцепција за корупција, дури на 107. Мислат ли дека во Брисел не знаат или можеби ќе им простат што се краде од државниот буџет на големо, што се местат тендери и што немилосрдно се цица од народната каса; мислат ли дека ќе им простат само затоа што решиле да го променат името на Македонија. Или мислат ли дека Брисел не гледа дека администрацијата е уште погломазна, понеефикасна и попартизирана. Мислат ли дека Брисел не знае дека економијата оди надолу, инвестиции нема – ни странски ни домашни, се зголемуваат даноци, а на креативноста како да се земе од народот ѝ нема крај па се удира по најниските слоеви. Како инаку да се објасни идејата на владата на Заев на пазарите да не смеат да продаваат пензионери или вработени лица. Па како ќе заработи нешто плус народот. Се живее ли само од пензија од 200 евра или само од плата исто од 200 евра. Слегле ли Заев и Тевдовски меѓу народот да видат како живее или само за Данска знаат, ама не и за Македонија. Но, ете, тие од Данска очигледно подобро знаат од самиот министер за финансии што се случува и што не се случува во Македонија. На крајот, зарем власта е толку наивна да верува дека странските компании што веќе инвестирале во Македонија не се жалат во главните градови од каде што доаѓаат и во Брисел за променетиот однос кон нив, за обидите за рекет кон нив и третирањето како да се државни непријатели, а не како да носат додадена вредност. Или мисли Заев дека компаниите кои решаваат да не инвестираат во Македонија, не информираат зошто донеле таква одлука. И мисли ли Заев дека можеби една од причините е токму корупцијата, како и зголемените даноци и односот кон инвеститорите. Кога ова ќе се стави на купче, во Брисел само реално се согледува состојбата, а тоа е дека оваа влада нема ни капацитет ни волја да спроведе реформи. Сега-засега ова им го кажуваат дискретно само на билатерални средби, но многу брзо ќе дојде денот кога и јавно ќе го кажат. ВМРО-ДПМНЕ, а и јас лично сакаме Македонија да напредува и да добие датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни 2019, сакаме и што побрзо Македонија да стане членка на ЕУ. Затоа сите наши потенцијали, лични и стручни, се на располагање, но за жал власта не знае да соработува, знае само да дели. Ќе остане после следните избори и победата на ВМРО-ДПМНЕ со силна и посветена работа да го надминеме ова што сега Македонија ќе го загуби заради неспособноста на Заев. Неспособноста мора да биде заменета со компетентност, стручност и посветеност. И за крај, би сакал да ги посоветувам Заев, Анѓушев и Тевдовски да отидат до Благоевград и Ќустендил во Бугарија и до Качаник, Призрен и Приштина во Косово и да прашаат колку македонски фирми, пред сè од ИТ-индустријата го префрлиле седиштето таму, како и колку македонски граѓани отвориле нерезидентни сметки таму. Ако не можат да се сетат зошто го прават тоа, еве јас да им помогнам – заради зголемените даноци, од кои ефектот нема да биде ништо друго освен зголемена сива економија, сиромаштија и напуштање на државата од најспособните и најамбициозни луѓе.”

– Пишува Александар Николоски за Независен

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Предлози за совршени Божиќни книги кои ќе ве исполнат во предстојниот период
Следна објава ИГОР ЈУГ: Фром Шутка
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 532
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 510
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 516
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1162
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 562
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 301
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 382
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 527
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

716
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1574
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.