МТВ во понеделник во 20.15 часот организира двочасовна дебата каде гостин ќе биде лидерот на опозицијата Христијан Мицкоки со новинари од националните телевизиски медиуми.
Оваа дебата следува по неколкуте повици од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до Зоран Заев за меѓусебна јавна дебата на медиум и термин по избор на Заев, по кои што човекот кој е најодговорен за промената на името на државата како и сите дефектни појави во работењето на Македонскиот институции избегна соочување.
Со новинарите од повеќе медиуми, Претседателот Мицкоски ќе разговара за сите прашања од интерес за граѓаните, пред се за процесот за промена на името и идентитетот на Македонскиот народ, како и за повеќе прашања кои се одразуваат негативно во животот на граѓаните на дневна основа.


