Одговарајќи на новинарско прашање, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за случувањето во истражниот затвор во Шутка во кои физички беа нападнати високи поранешни функционери на партијата, директно ја прозва власта предводена од Зоран Заев.
Прашања, новинар: Го видовте ли Миле Јанакиески?
Одговор: Не ми дозволија да го видам господинот Миле Јанакиески, ниту пак некој од болницата дојде овдека да ми објасни што точно се случува. Ниту некој ми кажа како ќе се одвиваат работите понатаму. За волја на вистината дојде дежурниот доктор ни ја објасни дијагнозата дека има повреди по телото итн. Инаку станува збор за навистина една тешка ситуација која што се случуваше пред вратата на собата каде што се наоѓа Миле Јанакиески. Полициски сили, некаде околу 50-тина може и повеќе на број и јас заедно со неколкумина луѓе чекавме повеќе од еден час да се одважи, охрабри, еве Директорот да добие насока од неговиот претпоставен од Зоран Заев што да ми каже, како да го оправда ова, да ја каже дијагнозата, за да можат сите граѓани во оваа држава да бидат рамноправни и да ги уживаат оние привилегии кои што им следуваат според Устав и луѓето кои што се наоѓаат во притвор имаат свои права. И тие права треба да бидат заштитени. Денеска видовме не само дека не се заштитени правата туку, луѓето се подложни и на тортура која што ја прави оваа криминална, непотистичка и насилничка власт предводена од деспотот Заев.
Прашања, новинар: Господине Мицкоски, зошто мислите дека се викнати специјалците и посебните полициски служби?
Одговор:Претпоставувам се плашат од мене и се плашат од луѓето околу мене , луѓето од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и токму поради тоа овие луѓе кукавици кои што знаат на ваков подмолен начин да монтираат случаи во притвор против луѓе кои што се невини, бидејќи пресумцијата на невиност е загарантирано право на секој еден на оваа држава, да бидат нападнати од насилници и уште повеќе да ги тераат другите институции во системот да се правдаат дека тие предизвикале инцидент. Срамота и навистина се обидувам да бидам што е можно поконкретен во она кое што ни се случува денеска во Република Македонија. Навистина срамота и немам каков поинаков збор да одберам од ова.


