• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

КАКО СТОЈАТ РАБОТИТЕ: Македонија ќе биде растурена по истиот принцип како Југославија!

април 2nd, 2019 Македонија, Став коментари 816

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
КАКО СТОЈАТ РАБОТИТЕ: Македонија ќе биде растурена по истиот принцип како Југославија!

Според Робин де Рајтер, кој ги истражувал влијанието и моќта на тринаесетте семејства што го контролираат светот, а за тоа меѓу другото користел огромен фонд тајни документи, како и сведоштва на владини службеници и сознанија што ги добил од Рајнер Руп, поранешно воено аташе на НАТО во Брисел, кој работел во брисeлскиот штаб повеќе од десет години, а имал пристап до доверливи информации, светот е пред воспоставување диктаторска светска влада, создавање светска армија со соединување на американската војска, НАТО и сите други западни армии, како и воспоставување една светска престолнина и глобален диктатор. Патем, спoред него, многумина мислат дека САД се богата држава, но вистината е дека Америка има поголем долг од долгот на сите земји на Третиот свет заедно!

Освен тоа, Соединетите Американски Држави се масонска држава, а секој долар во оптек е позајмен долар, што им носи профит на масонските банкари!

Кој ги повлекол доларите на Кенеди истиот ден кога е убиен?
Во истражувањето на Де Рајтер стои дека банката на федералните резерви е основана во 1913 година и повеќето луѓе мислат дека станува збор за Сојузна американска установа.

Федералните резерви се приватна банка во рацете на кланот Ротшилд! Во меѓувреме, во изминатите 104 години, создаден е долг од речиси 17,5 илјади милијарди долари. Секој месец народот мора да плати само за камати повеќе од две милијарди долари! Сосема е безумно Владата на една држава да ѝ препушти толкава моќ на една приватна банка што апсолутно никој не ја контролира. Моќ што е во состојба да прави пари од ништо! Затоа, пред околу 50 години е направен обид нешто да се промени во таа насока, а единствен претседател што се обидел да ѝ стави крај на банката на федералните резерви бил Џон Ф. Кенеди.

Имено, на 4 јуни 1963 година, претседателот Кенеди се обидел да ја лиши оваа банка од моќта да ѝ позајмува пари на Владата со камата. Всушност, тој ден претседателот ја потпишал извршната наредба бр. 11110, со која се вратила можноста Владата на САД да емитува пари без посредништво на Банката на федералните резерви. Во првиот бран, Кенеди во оптек внел речиси 4,3 милијарди долари во банкноти, со натпис банкнота на Соединетите Американски Држави наместо банкнота на федералните резерви.

Печатењето на банкнотите повторно дошло во рацете на државата. Претседателот Кенеди бил на пат да ја остави Банката на федералните резерви без работа, но „семејствата“ што владеат со светот веднаш тргнале во негова елиминација. Бил убиен на 22 ноември 1963 година, кога само мал дел од „неговите“ пари влегле во оптек. Убиството на Кенеди претставувало предупредување до идните претседатели што би дошле на идеја да го отстранат долгот на САД со отстранување на контролата на федералните резерви над печатењето на парите.

Сепак извршната наредба 11110 никогаш не е отповикана од страна на некој нареден американски претседател со нова извршна наредба, па формално таа сѐ уште е во сила. Претседателот Кенеди бил отстранет од припадниците на Операција 40, тајниот тим што го основале Џорџ Буш, Ричард Никсон и Ален Далс, а кој во почетокот бил формиран за ликвидација на Фидел Кастро.

Членовите на овој одред на смртта биле одговорни и за убиството на Че Гевара, потоа на претседателот на Чиле, Салвадор Аљенде, претседателот на Еквадор, Хаиме Ролдос, како претседателот на Панама, Омар Торихос. Комплетниот „одред на смртта“ бил во Далас на 22 ноември 1963 година, кога бил убиен Кенеди, а само неколку часа по неговата смрт, првиот официјален потег на новиот претседател Линдон Џонсон била наредбата до државната печатница во Вашингтон да го прекине печатењето на државните банкноти што ги одобрил Кенеди и да се повлечат оние што веќе биле пуштени во оптек. Преку системот на федерални резерви парите што биле испратени биле пресретнати и уништени.

Семејството Ротшилд ги контролира Светска банка и ММФ!?

Во тој контекст треба да се знае и тоа дека и Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд не можат ниту да мрднат без семејството Ротшилд и неговиот монопол над глобалниот капитал.

Всушност, тие во целост се зависни од оваа моќна финансиска династија. Затоа не е никакво изненадување што банкарите што ги заземаат водечките функции во овие установи се масони, односно илуминати. Имено, ММФ и Светска банка се два инструмента што ги употребуваат лидерите на новиот поредок за да ги уништат суверените држави и потоа да управуваат со тие територии како со колонии.

Според Де Рајтер, овие територии имаат свои влади само на хартија, и тие се наоѓаат под директна контрола на ММФ сместен во центарот на Вашингтон. Точно преку улицата се наоѓа главниот влез во сестринската организација, Светска банка. Водечките личности од финансиите од целиот свет ги основале овие две установи во 1944 година, за време на конференцијата одржана во американското одморалиште Бретон Вудс во сојузната држава Њу Хемпшир. Во глобалниот свет, кој е под контрола на 13-те семејства што го поседуваат целиот капитал на светот, ММФ заедно со Светска банка има речиси неограничена моќ и може да сврти една држава против друга.

Тие се во состојба фактички во секој момент да го намалат богатството на секоја земја колку што сакаат. Главно, тоа го постигнуваат со ограничување на количеството пари во оптек или со забрана земјата да го користи сопствениот економски профит. Наместо тоа, државата е присилена да ги извезува своите производи под услови диктирани од конкуренцијата на меѓународниот пазар.

Колапсот на локалните економски системи е условот за развој на општествените немири, дестабилизација на независните држави, колапс на нивните институции и, во посебни случаи, граѓански судир или војна. Тоа се случува токму оној ден и во она време што ќе го одреди класата што ја држи власта во светот.

Според истражувањето на Робин де Рајтер, направено во соработка со Фриц Спрингмајер, увидот во главните причини за балканската криза покажува дека најголема одговорност за растурањето на Југославија имаат Обединетите нации, Германија и другите НАТО-сојузници!

Секоја одлука на сојузниците била политички мотивирана, а за последица ги имала ескалацијата на војната и зголемувањето на бројот на судири меѓу народите на Југославија. Неколку години по ред распаѓањето на СФРЈ, ММФ инсистирал да се замрзнат платите. Меѓутоа, бидејќи цените на производите биле во постојан пораст, дошло до динамичен пад на просечната заработувачка.

Под супервизија на Светска банка, повеќе од половина од југословенските банки пропаднале во 1989 и во 1990 година. Според официјалната статистика, повеќе од 11.000 претпријатија банкротирале во тој период, а 625.000 работници останале без работа. Сепак, Светска банка и покрај тоа не била задоволна. Во септември 1990 година рекорден број, од 2.435 претпријатија, банкротирале, а 1.300.000 работници останале без работа.

За две години биле жртвувани две третини од работниците на сите нации. Значи, без никакво предупредување или помош биле запрени сите кредити и заеми од ММФ и од Светска банка. Фаталната комбинација на наметнатите мерки има своја основа во дваесет и трите члена што се содржат во законите на Обединетите нации бр. 1.191 од 5 ноември 1990 година. Имено, станува збор за Законот за надворешно работење 101/513. Овој закон содржи регулативи и одредби што се користат за уништување на економиите на за нив непријателските влади.

Како последица од овие мерки, федералната влада на Југославија повеќе не можела да ја плаќа каматата на надворешниот долг. Исто така, и државниот индустриски сектор повеќе не можел да располага со потребните суровини. Во 1990 година, на 18 ноември, весникот „Њујорк тајмс“ објавил таен документ на ЦИА. Според тој документ, било предвидено Југославија да доживее колапс во наредните осумнаесет месеци.

Девет години подоцна, во текот на војната на Косово, лордот Гилберт, британски министер за одбрана и влијателен државник, признал дека НАТО намерно ја турнал Југославија во граѓанска војна. Претходно, на собирот во Мастрихт, францускиот претседател Франсоа Митеран и британскиот премиер Џон Мејџор веќе донеле одлука за исчезнување на Југославија.

Суровата војна против Југославија е јасно предупредување за сите земји од светот што копнеат да останат самостојни! По завршувањето на процесот против македонскиот национален идентитет, Македонија ќе биде растурена по ист принцип како Југославија.

Владите што ќе сакаат да бидат независни ќе бидат сосила фрлени на колена, нивните лидери ќе бидат сменети, ако не со политичка пропаганда, тогаш со економски санкции или со воена сила, констатираат Робин де Рајтер и Фриц Спрингмајер во својата анализа за случувањата во „пикираните“ држави, зад кои се крие злобната моќ на тринаесетте династии на илуминатите што владеат со светот.

Светската влада ќе биде воспоставена со договор или под принуда!
Според повеќето истражувачи што интензивно се занимаваат со најмоќните семејства во светот, секогаш редовно во списокот се појавуваат клановите Ротшилд, Варбург, Рокфелер, Ди Пон, Расел, Оназис, Колинс, Морган, Хабзбург, Банди, Астор и други. Веднаш по нив, односно во тесна врска со нив, се семејствата Вандербилт, Опенхајм, Синклер, Клинтон, Голдшмит, Гутенхајм, Буш, Шиф, Бауер, Витни и други.

Веќе подолго време и моќта и парите се во рацете на овие семејства. Големиот филозоф и поет Хајнрих Хајне во една пригода рекол: „Парите се бог на нашето време, а Ротшилд е неговиот пророк!“ Американскиот поет Езра Паунд има запишано дека „сѐ дури не знаеме кој кому и колку му позајмил, ништо не знаеме за меѓународните судири“. Во овој момент кланот Ротшилд ги контролира „Шел“, „Бритиш петролеум“, Дојче банк, „Барклејс“, АБН, „Амро“, „Фортис“, „Унилевер“, ИБМ, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, ИНГ, Федералните резерви на САД, Англиската банка, Ероу фонд Курасао, Џ.П. Морган и многу други.

Вкупната актива на семејството Рокфелер, само во државите Калифорнија и Охајо, е околу 50 милијарди долари! Семејството поседува и 90 отсто од рафинериите за нафта во САД. Џон Дејвидсон Рокфелер го купил огромниот имот во Покантико Хилс во државата Њујорк, кој сега е матична база за повеќе од 100 семејства што се презиваат Рокфелер. Меѓу другото, Дејвид Рокфелер од 1945 година управува со банката Чејс Менхетн, најважната банка во светот.

Моќта на оваа банка е доволна да сруши или уништи влади на држави, да започне или да заврши војни и да упропасти одделни компании или да им овозможи да се шират насекаде во светот, вршејќи на тој начин големо влијание на целото човештво.

Рокфелеровата фондација е решавачки фактор на меѓународната сцена. Меѓу мноштвото меѓународни агенции на Дејвид Рокфелер е и познатата агенција Интерпол, чија мрежа се простира по целата планета. И покрај тоа што Интерпол е приватна организација, Обединетите нации имаат одобрено статус на набљудувач во 1975 година, што на претставникот на Рокфелер му овозможува да седи на состаноците и да гласа за резолуции, иако не е држава-членка.

Бидејќи Интерпол не е држава, ОН со ваквиот преседан ја имаат прекршено сопствената повелба. Семејството Ди Пон е на шестото место меѓу водечката глобална елита. Во таа елита се и семејството Оназис, семејството Варбург и уште неколку други. Владејачките семејства, меѓу другото, стојат и зад светската трговија со дрога.

Со помош на ЦИА и на британската тајна служба МИ 6, тие се наоѓаат на чело на глобалната наркомафија и ја контролираат целата трговија и продажба на дрога во светот! Семејството Варбург, поточно Џејмс Варбург има инвестирано милиони долари во проекти што секогаш служат за иста цел – апсолутна светска влада: „Ќе имаме светска влада, без разлика дали тоа нам ни се допаѓа или не. Единствено се поставува прашањето дали светската влада ќе биде воспоставена со договор или под принуда!“

Новиот светски поредок ќе ги уништи малите нации!
Воспоставувањето на планираниот нов светски поредок ќе биде објавено во следните чекори: воспоставување единствено меѓународно светско собрание; создавање единствен глобален финансиски систем; ограничување на влијанието на сите суверени држави во корист на диктаторската светска влада; целосна контрола над сите движења на храната од страна на Светската агенција за храна; целосна контрола над сите извори на суровини, нафта и гас; создавање светска армија со соединување на американската војска, НАТО и сите други западни армии; соединување и изедначување на сите религии во една хуманистичка светска религија; создавање општествена демографска мрежа што ќе ги обединува сите аспекти на секојдневниот живот преку употреба на компјутери; воспоставување една светска престолнина и воспоставување глобален лидер.

Елитата што го контролира светот комуницира со гестови и знаци!
Голем дел претставници на Европската Унија во Брисел, кои, иако не се избрани на политички избори, сакаат да владеат со Европа, се масони.

Сите претседатели на Франција, освен можеби Де Гол, биле и се масони. Голем број претставници на УНЕСКО и УНИЦЕФ се масони. САД се масонска држава. Покрај Џорџ В. Буш, масони се и претседателите Вашингтон, Медисон, Монро, Џексон, А. Џонсон, Герфилд, Мекинли, Т. Рузвелт, Хардинг, Франклин Делано Рузвелт, Хари Труман, Л.Б. Џонсон, Џ. Форд, Р. Реган, Џ. Буш Постариот и Бил Клинтон.

Во својата јавна комуникација масоните користат знаци со скриено значење преку кои пренесуваат одреди пораки. Многу од пораките се пренесуваат преку средствата за јавно информирање низ тајни детали, главно преку фотографии. Читателот не може да забележи ништо сомнително, но светската елита, односно масоните точно знаат што значат одредени гестови на таквите фотографии објавени во весниците.

Секој обичен човек што ќе го прелиста својот семеен албум ќе забележи дека на фотографиите речиси никогаш не се појавуваат знаци што ги има на фотографиите на масоните.

1 Apr 2019
FacebookTwittеr

Пишува: Блаже Миневски

Превземено од: По патот на Македонската историја

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Втор ден од кампањата Гордана Силјановска со повеќе активности и митинзи во Дебарца, Струга и Ресен
Следна објава Прием на странски премиер без интонирање химна е капитулација или окупација?
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 564
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 542
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 533
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1193
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 321
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 560
Жена на денот
Кели Брук- модел кој плени со своите облини

Кели Брук- модел кој плени со своите облини

2058
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

3051
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4274
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.