Денеска во посета на Прилеп беше кандидатката за Претседател на Република Македонија поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова.
Професорката положи свежо цвеќе пред споменикот на првиот Претседател на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто, а потоа истакна дека од хероите не смееме да се срамиме и треба секогаш да ги почитуваме.

Силјановска прошета и низ градскиот плоштад каде од прилепчани беше дочекана со прегратки,а се дружеше и со припадниците на Ромската националност кои денеска го празнуваат Меѓународниот ден на Ромите.
Професорката им го честиташе денот и вети дека ќе се залага за еднаквост и рамноправност на сите граѓани.


