Денес е започнат предизборниот молк кој ќе трае до завршување на изборите во недела, 21 април во 19 часот. Во овој период забрането е секаков вид на политичка пропаганда и изборно агитирање. Согласно законот, тие се казниви дела.
Освен за Претседателските избори , во Охрид и Ново Село воедно ќе се гласа и за Градоначалник.
Денес 20.04.2019 година , право на глас имаат болните, изнемоштените и затворениците.
Предизборен молк, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници


