• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Економијата сигурно оди во рецесија, тоа е животот кој го нуди Заев

октомври 6th, 2017 Македонија коментари 794

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Во Македонија ништо ново. Секогаш кога СДСМ е на власт, економијата трпи.

Пад во економијата речиси во секој сегмент, по преземањето на власта од страна на СДСМ. Трет месец последователно се бележи пад на индустриското производство, извозот, пониската просечна плата и другите негативни индикатори со што е намалена конкурентноста на македонската економија.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика извозот во месец август во однос на месец јули бележи пад од 8,2 отсто. Претходно, извозот паѓаше и во месец јуни во однос на месец мај за 5,5 отсто, односно месец јули во однос на месец јуни за дури 12,1 отсто.

Покрај продолжениот пад на извозот, Македонија се соочува и со пад пад на просечната плата, пад на индустриското производство, како и сериозен пад на девизните резерви на државата.

Падот на индустриското производство, извозот, пониската просечна плата и другите негативни индикатори ја намалија конкурентноста на македонската економија. Тоа почнаа да го нотираат и меѓународните институции. Во последниот извештај на Светскиот економски форум, Македонија воопшто ја нема на листата. Од вкупно 137 земји, Македонија не е ниту приближно до Јемен, Замбија или Уганда, кои се меѓу најнеконкурентните економии во светот. За потсетување, Македонија до лани постојано напредуваше на листата. Беше рангирана на 80-то место во 2012-та и успеа да напредува 12 позиции до лани кога се најде на 68-то место.

Во извештајот се рангирани и сите земји од регионот. Најдобро рангирана е Бугарија на 49-то место, па следуваат Хрватска на 74-то, Албанија на 75-то, Србија на 78-мо и Грција на 87-мо место.

Освен тоа што не нема на меѓународните извештаи, македонското стопанство бележи лоши резултати и по сектори на домашниот пазар, што е показател на негативните тенденции на економијата. На тоа алармираа и бизнисмените и аналитичарите. Последните статистички податоци, пак,  покажуваат пад на индустријата за 5.3%, на градежништвото за 17.3 отсто и намалување на просечната нето плата во јули од 0.6%.

Ниту Владата, ниту монетарните власти повеќе не се оптимисти. Владината проекција за економски раст падна на 2.2% за годинава, додека гувернерот Богов по лошите резултати во првата половина од годинава, односно намалените активности на банките за 1.6 отсто, изјави дека се сомнева дека економијата воопшто ќе има зголемување во 2017-та.

Поранешниот заменик министер за економија, Христијан Делев вчера истакна дека за состојба со странските инвестиции во земјава, откако СДСМ е на власт и за тоа каква штета Владата на Зоран Заев нанесува на Македонија со својот игнорантски однос кон инвеститорите.

-За жал состојбата со странските инвестиции е на доста загрижувачко ниво. Моменталната влада со негативна кампања направи многу лоша слика и перцепција во Македонија за странските инвеститори и инвестиции. Тие ја чувствуваат негативната клима која е вештачки создадена во Македонија. Моменталната Влада кога беше во опозиција дозволи студенти да направат анализа и дадоа апсолутно неточни бројки за тоа колку субвенции седадени за странските компании. Тоа е само потврда дека треба екстерно тестирање и проверка на знаењето затоа што било кој студент било каде во светот знае дека странските инвестиции се еден од најглавните фактори двигатели на економиите. Во САД државите се натпреваруваат која ќе привлече инвеститори, на глобално ниво се водат војни да се привлечат инвестиции. Ова е голем процес кој претходната Влада си го сфати сериозно и за 10 години направи огромен успех и исчекор, рече Делев.

Делев потенцира дека  единствената студија која е релевантна и може да ја отслика реалната слика  во делот на инвестициите и макроекономскиот ефек е студијата која неодамна ја објави Народна банка чиј заклучок е дека доколку не биле странските компании во Македонија, земјава би била во лоша економска состојба.

-Во првите 8 месеци е зголемен извозот од Македонија за 13 %. Тоа е благодарение на три конкретни компании кои се донесени од претходната Влада. Нема ниту збор од нови компании, не станува збор за ефект од новите мерки, од новите политики што ги спроведува новата Влада. Допрва ќе го гледаме негативниот ефект со таканаречените стратегии, наслови,  кои ги објавија без анализа. Допрва тоа ќе го почувствуваме сите граѓани, а на крајот сите ќе бидеме губитници. Колку помалку странски инвестиции, толку помалку вработувања во Македонија. Тоа ќе го искористат нашите соседи. Кога имаше трансфер на власта, им оставивме во наследство 60 компании кои беа во финална фаза на преговори,  кои требаше во овој период само да се потпишат. Ниту една од тие компании не е исконтактирана. Немало слух тие компании барем да се исконтактираат и да се види што сакале тие да направат во Македонија, порача Делев.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Спротивно од најавата на СДСМ при кампањата за парламентарните избори - зголемување на казните!
Следна објава Штипските советници ја одржаа последната Седница на Советот
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 548
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 524
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 522
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1179
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 577
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 395
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 542
Жена на денот
Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

810
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1840
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.