Во недела, 04.08.2019 година Меѓународниот центар на Македонската дијаспора “Нова Зора” Делчево организира Илинденска средба со Делчевците кои живеат и работат во странство.
На средбата ќе бидат афирмирани тековните оперативни активности од годишната програма на здружението, при што ќе биде отворена широка дискусија за прашања од интерес на сите присутни.
Главен акцент ќе биде ставен на можностите за соработка на локалната заедница од Делчево со припадниците на заедницата на Делчевци во странство на полето на економијата, културата, образованието и повеќе други области на соработка.
Илинденската средба со Делчевците во странство ќе се одржи во Ланч барот Ексанимо (на аголот пред главниот влез на ООУ Ванчо Прќе во Делчево) со почеток во 20.30 часот.
Присуството за сите заинтересирани Делчевчани е добредојдено во насока на развој на предвидените теми за работа на средбата


