• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Опозицијата во Кочани го прозва комуналното претпријатие на прес. Од службите на претпријатието одговорија на обвинувањата

септември 5th, 2019 Регион коментари 588

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Опозицијата во Кочани го прозва комуналното претпријатие на прес. Од службите на претпријатието одговорија на обвинувањата

Од општинскиот комите на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани го прозваа раководството на КЈП “Водовод“ од Кочани дека работи на штета на граѓаните преку наплата на заостанатиот долг преку ангажирање на адвокат за кој трошоците се поголеми кои паѓаат на грбот на граѓаните.

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Гоце МАрков-Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани:

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани

Се повеќе наши сограѓани се жалат дека КЈП “Водовод“ им доставува:

-РЕШЕНИЈА ЗА НОТАРСКИ ПЛАТЕН НАЛОГ за заостанат долг и тоа со АДВОКАТСКИ ПЕЧАТ во кои РЕШЕНИЈА има пресметано адвокатски трошоци кои се неколку пати повисоки од нотарските трошоци!

Во ова решение се гледа дека нотарските трошоци се 1066,00 ден а адвокатските трошоци 2730,00 ден!

Нотарските трошоци за комунални услуги беа намалени, намалувањето на нотарските трошоци за решенијата за платен налог се со цел да не се оштетуваат прекумерно нашите сограѓани против кои се пуштаат платни налози за долг по основ комунални услуги!

Комуналните услуги треба да се плаќаат навремено, но и КЈП треба навремено да води сметка за оние кои не плаќаат!

Дали КЈП Водовод намерно дозволува да се трупаат долгови и за истите подоцна се испраќаат Решенија со адвокатски трошоци со што прекумерно се оштетуваат нашите сограѓани!

НА овој начин, а како што гледаме и во ова РЕШЕНИЕ- наместо трошоците за долгот да се 1066,00 ден тие изнесуваат четирикратно повеќе или поточно 4040,00 ден.

Вака КЈП “Водовод“ прибира пари од најранливата категорија граѓани-оние кои секој месец имаат мака да си ги платат режиските трошоци!

КЈП “Водовод“ има одговорност спрема граѓаните, ако наплатата може да се изврши со неколку решенија за платни налози, без ваквите трошоци тогаш тоа и ИМААТ одговорност да го сторат!

Вршете ја вашата работа ама бараме, барем малку да имате чувство и повикуваме во овие тешки времиња да ги поштедите ги нашите сограѓани од овој дополнителен трошок!

Со почит,
Гоце Марков
Центар за комуникации
при ОК ВМРО ДПМНЕ Кочани

Упативме прашања до менаџментот на КЈП “Водовод” Кочани по што од таму ни го доставија сл. одговор:

КЈП Водовод Кочани е единствено јавно претпријатие во опшината кое услугата спрема корисниците ја дава на највисоко можно ниво и постојано се грижи за унапредување и подобрување на своите услуги со цел задоволни корисници, чиста средина и квалитетна вода за пиење. Ова подразбира и ефикасна наплата на своите побарувања од правните и физичките лица со единствена цел ефикасно, ефективно и долготрајно функционирање на самото претпријатие.

КЈП Водовод Кочани почитувајки ги законските прописи и водејки грижа за своите корисници пред поведување на постапка за наплата на побарувањето преку надлежни органи секогаш преку опомени пред тужба повекекратно бара начин за наплата на побарувањето од сите корисници,  а воедно дополнително нуди и склучување на договор за регулирање на наплатата на побарувањето за плакање на рати без дополнителни непотребни трошоци. Исто така сакаме да напоменеме дека и во самите фактури (сметки за вода) стои опомена за висината на долгот на корисникот кој го има спрема КЈП Водовод Кочани.

Имајки во предвид дека се грижиме за нашите корисници, КЈП Водовод Кочани изготвува предлози против должници на квартални периоди согласно висината на побарувањето се со цел корисниците да не бидат оптоварени со дополнителни трошоци за адвокат.

Поведувањето на предлозите кај надлежен нотар и агажирање на адвокатски услуги е ништо друго освен почитување на законските одредби за заштита на своите побарувања и во ниту еден случај ваквите дејствија не значат дека дополнителните трошоци на граганите се во корист на КЈП Водовод Кочани или претставуваат дополнителен приход за претпријатието.

Во законот за нотаријат од 2016 година и измените и дополнувањата на овој закон  од 2018 година  јасно е утврден начинот за поднесување на предлози за издавање на решение за нотарски платен налог. Согласно измените од 2018 година корисниците се ослободени од плакање на судка такса, нотарските трошоци се намалени, а адвокатските трошоци се утвдени согласно вредноста на главното побарување по адвокатска тарифа донесена од адвокатската комора.

КЈП Водовод Кочани со своето домакинско работење за само една година и осум месеци успеа да набави три нови возила (ровокопач, камион метларка, камион за собирење на смет од канти и контејнери), успеа да го намали долгот на претпријатието за 24%, воведе нов начин на читење на водомери со мобилни телефони и слика како доказ, во ниеден момент не направи рестрикција на водата за пиење, ги намали на трошоците, хигиената е видно подигната во градот, опфатот или површината за метење е неколкукратно зголемен, воведе центар за односи со корисници, секојдневно и навремено ги санира настанатите дефекти на водоводната мрежа, секојдневно ги одржува зелените површини, формира нови зелени површини и засади неколку стотици нови садници, перманентно се поставува нова комунална опрема и многу други работи кои се од интерес на граганите на општина Кочани.

За крај сакаме да истакнеме дека наводите во вчерашниот прес на одредена политичка партија се паушални и неосновани и се обид за ширење популизам и собирање на одредени политички поени на сметка на граганите.

Со ова известување уште еднаш ги повикуваме корисниците на нашите услуги да ги почитуваат своите обврски спрема КЈП Водовод Кочани, постапуваат по евентуалните опомени пред тужба, да ги почитуваат обврските за плакање на рати, а доколку немаат склучено договор ги повикуваме да пристапат до нас и да склучат договор за плакање на рати.

Редовните сервисирања на обврските на граганите значи навремено, целосно и квалитетно извршување на услугите за кои сме основани, а кои се во интерес на граганите.

Со почит.

  • Ознаки
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Реакција на Родина по повод преименувањето на МАНУ и станување дел од антиуставната креација „Северна“
Следна објава Ана Љубиќ: За моите родители
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 415
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 608
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 565
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 657
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 573
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 465
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1478
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 401
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 632
Жена на денот
Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

1168
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1619
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.