Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше помеѓу жителите на Ресен и ресенско.
Христијан Мицкоски во рамки на кампањата “Обнова на Македонија” во текот на денешниот ден од Ресен упати силни пораки за проблемите на граѓаните во овој дел од државата, кои се дел од целокупната лоша слика за проблемите на сите граѓани на Македонија.
Денес сум во Ресен. Досега се собрани над 10 илјади проблеми во рамките на акцијата разговори за Македонија. Ваквиот голем одзив покажува дека постои огромен интерес кај граѓаните, но и огромен број на проблем кои ги притискаат. Ние тие проблеми ќе ги разгледаме, но и ќе понудиме решенија. Народот мора да биде слушнат, но тоа не е доволно, мора и да се покаже дека се има решенија за проблемите.
-истакна Мицкоски.
Денес во Ресен главен проблем е откупот на јаболката. Земјоделците особено од овој крај се незадоволни бидејќи се чувствуваат со право изиграни од власта која им ветуваше откуп и субвенции кои никако не ги добиваат. Слична е сликата и со лозарите, и со оризопроизводителите. Во Ресен проблем е иселувањето на младите, не само на младите, лошата инфраструктура и немањето на иднина. Владата не покажува чувство за овие проблеми, но и покажува дека нема план. Затоа ние сме тука. Низ партнерски однос со граѓаните да градиме обнова на Македонија!
-соопшти Мицкоски во врска со денешниот настан во Ресен.


