• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Фељтон: БАЛКАНСКИ ВОЈНИ (дел 6)-Втора Балканска војна

октомври 13th, 2019 Македонија коментари 2006

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Фељтон: БАЛКАНСКИ ВОЈНИ (дел 6)-Втора Балканска војна

Втората балканска војна (позната и како Меѓусојузничка војна) се одвивала во текот на летото 1913 помеѓу Бугарија и нејзините сојузници од Првата балканска војна, Грција и Србија, како и Романија и Црна Гора. На крајот од оваа војна, Србија како сојузник на Руската Империја станува важна регионална сила, што било аларм за Австро-Унгарија и најверојатно индиректно било причина за почетокот на Првата светска војна.

По завршувањето на Првата балканска војна, а по протерувањето на Србија од Албанија, во јануари 1913 година, Србија барала од бугарската влада да се изврши ревизија на Српско-бугарската спогодба.

Подоцна, на 22 февруари и на 25 мај 1913 година Србија упатила ноти, во кои предлогот за ревизија се образложува со следните причини:

При потпишувањето на спогодбата, Србија особено сметала дека ќе добие слободен излез на море поради независниот економски развој, но со интервенцијата на големите сили била принудена да ја повлече својата војска од Албанија;
Бугарија не го дала со договорот предвидениот контингент трупи за Вардарското боиште, бидејќи на интервенција на Бугарија, пред почетокот на војната тој договор бил изменет;
Србија и упатила помош на Бугарија од една армија со тешка артилерија, што според договорот не била обврзана, а тоа барало пошироко ангажирање на Србија, која и самата водела војна на Вардарското боиште.

Според српската влада, изменетите услови барале ревизија на договорот. Притоа, таа мислела на компензација во Македонија, за да добие непосредна граница со Грција, со цел да го користи пристаништето во Солун. Бугарската влада не се согласила со српското сфаќање на договорените обврски и во нотите од 18 март и од 19 април 1913 година го отфрлила барањето за ревизија.

Веднаш по потпишувањето на Лондонскиот мировен договор, започнале подготовките за Втората балканска војна. Моралните подготовки биле први, со оглед на тоа дека било неочекувано довчерашните сојузници да војуваат меѓу себе. Освен тоа, војските веќе биле исцрпени, психолошки оптоварени, гладни и недоволно облечени и, згора на тоа, се појавила и колерата со смртност од 90%.

Материјално-техничките подготовки поради краткиот период од 30 мај, кога е потпишан Лондонскиот мир, па до 29 јуни, кога почнала Втората балканска војна, не можеле целосно да се спроведат. Поради тоа, главниот товар во снабдувањето го носело веќе крајно осиромашеното македонско селско стопанство. Недостигот на работна сила за копање ровови, утврдување и други потреби бил пополнуван од месното селско население. Воениот потенцијал во жива сила, со луѓе и со крупен добиток, главно бил пополнуван од новоослободените места. Со оглед на тоа дека војната се водела речиси во целост на територијата на Македонија, македонското население и економија повторно биле максимално ангажирани од секој аспект на војната. Завојуваните страни за меѓусојузничката војна, покрај постојните ангажирале и нови сили.

Во меѓувреме, започнале подготовките за преговорите во Букурешт. Биле воспоставени непосредни врски меѓу владите и командите на одредени оперативни единици, тргнувајќи од правното начело дека склучените договори важат само доколку не настапат фактички промени на теренот во врска со исполнувањето на одредбите на договорите. Како резултат на примената на ова начело, во идниот мировен договор што би бил потпишан меѓу сојузниците, секоја сојузничка воена команда настојувала да завладее што поголем дел од територијата на Македонија и во неа да организира своја воено-полициска и административна власт.

Поради таквите цели, царот Фердинанд I без консултација на Владата на 29 јуни 1913 година наредил бугарската војска да изврши напад врз српската и врз грчката војска на позициите кај Злетово и Лефтере. Претседателот на бугарската влада Стојан Данев изјавил: „Кога е збор за судбината на Македонија, сите треба да знаат дека Бугарија е подготвена на секакви жртви.“

За тој напад Бугарите биле обвинети од големите сили, а Србите и Грците го дочекале како погоден момент за остварување на сопствените интереси.

На 1 јули 1913 година Стојан Данев му наредил на генералот Михаил Савов да ги прекине дејствата. Со исто барање на борбените позиции на фронтот се појавиле бугарски парламентарци. Србите и Грците не сакале да ги прекинат борбените дејства. Напротив, започнале противофанзива за да заземат што поголема територија од Македонија пред да се вмешаат големите сили. На 1 јули претседателот на Владата на Србија Никола Пашиќ му испратил телеграма на началникот на штабот на Врховната команда, Радомир Путник, со следната содржина: „Грците сметаат дека војната почна и дека настапил решавачкиот момент. И ние им го рековме истото и побаравме нивната Врховна команда со вас да воспостави цврста врска.“

По дознавањето дека Бугарите барале прекинување на воените дејства, Пашиќ на 3 јули упатил нова телеграма до Путник, во која се истакнува: По барањето на Бугарите војната да се прекине, се плашам од итна интервенција на големите сили. Забрзајте ја решавачката офанзива. Во врска со значењето на состојбата, грчкиот крал Константин пред својата Влада изјавил: Ние мораме по секоја цена големите сили да ги држиме далеку од нас. Ова е последен момент, ако го испуштиме, пропаднати сме.

Бугарскиот цар Фердинанд не се согласувал со прекинувањето на војната поради охрабрувањата од Австро-Унгарија, па барал воените дејства да продолжат.

Потоа Владата на Стојан Данев поднела оставка, но таа не била прифатена. Бугарија ги доживувала најтешките моменти како во Владата, така и на бојното поле. Големите сили зазеле став да не се мешаат во војната. Русија зазела став дека Европа треба да интервенира само ако една страна се обиде целосно да ја уништи другата страна. Австро-Унгарија останала само на декларативната помош на Бугарија.

Русија поддржувана од Франција, на 9 јули им се обратила на владите на балканските земји итно да ја прекинат војната и да дојдат во Петроград за да потпишат мир со посредување на Русија.

Русија предлагала границата меѓу Србија и Бугарија да биде повлечена по вододелницата меѓу Струма и Вардар, така што Штип да и остане на Србија; Грција да се поврзе со Србија кај Гевгелија и границата да продолжи до реката Струма, зафаќајки го Серез.

Предлогот на Русија го прифатила само Бугарија и тоа само принципиелно, за да се прекине војната, да се изврши демобилизација и во Петроград да започнат преговорите. Истовремено апелирала до Русија да направи се што може Штип, Кочани и Серез да и припаднат на Бугарија. Грција сметала дека сојузниците имаат право и должност да ја продолжат војната сè додека ситуацијата не се расчисти на бојното поле. Примирјето го прифаќала само ако Бугарија ги отстапи бараните територии и ако се согласи да им плаќа воена оштета. Српската влада изјавила дека не сака да ја понижи Бугарија, но сметала дека е неопходно да и се одземе можноста со која и понатаму може да биде опасна по мирот на Балканот, и поради тоа Србија енергично ќе ја продолжи воената акција.

Бугарскиот цар Фердинанд на 16 јули 1913 година упатил молба до романскиот крал Карол да ја прекине војната. Во тоа време, романската војска се приближувала кон Софија. Кралот Карол изјавил дека не може да потпише сепаратен мир со Бугарија, односно дека треба претходно Србија и Грција да ги прекинат воените дејства и да дадат изјава дека се подготвени да потпишат примирје со бугарската влада.

На 18 јули 1913 година во Скопје се состанале претседателот на српската влада Никола Пашиќ и претседателот на грчката влада Елефтериос Венизелос и се согласиле во следното: дека војната треба да ја завршат што побрзо и тоа со непосредни преговори со Бугарија; Романија, која барала исправки на границата во Добруџа, треба да се повика на преговорите за прелиминарниот мир; од интерес е за двете страни Турција да не се меша во меѓусојузничката војна; поделбата на територијата морала да дава гаранција за траен мир на Балканот и Бугарија мора да плати воена отштета.

Било решено српските, грчките, романските и црногорските ополномоштеници да се состанат во Ниш, веднаш штом Бугарија ќе ги одреди своите претставници. Веднаш потоа, Пашиќ упатил циркуларно писмо до сите заинтересирани дека Србија и Грција сакаат да склучат мир, но чекаат Бугарија непосредно да им се обрати ако навистина сака мир.

По Битката кај Брегалница, дејствата во Македонија се претвориле во исцрпувачка рововска војна. Меѓусебното исцрпување траело до 31 јули 1913 година, кога било потпишано примирјето и кога балканските војни официјално завршиле.

Извор
„THE BALKAN WARS“. US Library of Congress. 2007. конс. 2008-04-15.

🇲🇰🇲🇰🇲🇰В.М. 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Пишува: По патот на Македонската историја

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Родина: Вакцината, школството и правото на избор
Следна објава Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 548
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 524
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 522
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1179
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 577
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 395
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 542
Жена на денот
Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

810
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1225
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.