Пред 26 години на денешен ден започна востанието на Запатиста кога Армијата на Запатиста за национално ослободување ЕЗЛН ( Ejército Zapatista de Liberación Nacional) прогласи војна против мексиканската влада од џунглата во Чиапас, Мексико. Декларацијата за војна беше донесена за време на ратификацијата на Северноамериканскиот Договор за слободна трговија (НАФТА), кој стапи на сила истиот ден.
Запатистите биле анти-неолиберални, домородни, милитантни и радикални: сакаа да го вратат земјиштето и богатството од најпривилегираните и да го редистрибуираат меѓу најобесправените луѓе.
Набргу по нивното прогласување за војна, Запатиста успеаа да ја соборат мексиканската влада во регионот на Чиапас, при што привлече огромно внимание во светските медиуми и набрзо стана голема закана за воспоставените власти ширум светот.
Водач на движењето, беше лице познато како поткомандант Маркос, кој што беше водечка сила на Запатистите. Често обвиткан со превез на главата, со луле во рацете тој бил симбол со кој луѓето се идентификувале во време кога мексиканската влада и нејзините политичари беа презрени од населението – тој претставуваше фигура на смирение и мудрост.

Кога кружеа гласини дека е геј, тој одговараше на начин кој му беше типичен:
“За тоа дали Маркос е геј: Маркос е геј во Сан Франциско, црн во Јужна Африка, азиец во Европа, Chicano во Сан Исидро, анархист во Шпанија, Палестинец во Израел, индијанец на Маите на улиците на Сан Кристобал… Евреин во Германија, Ром во Полска, Курд во Турција, Мохавк во Квебек, пацифист во Босна, една жена на Метро во 10 часот, селанец без земја, член на банда во гетата, невработен работник, несреќен студент и, се разбира, Запатиста во планините.”

После 26 години, движењето Запатиста продолжува да има огромно влијание во регионот и сè уште контролира значителна територија во Чиапас каде што воведе социјални политики како универзална здравствена заштита и слободно образование и од каде продолжува да ги инспирира домородните движења и обесправените народи, ширум светот.


