• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

За желбите и соништата на еден делчевски студент

јануари 5th, 2020 Македонија коментари 667

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
За желбите и соништата на еден делчевски студент

Сепак фрлам поглед онаму, кон прекрасниот зелено-сивкаст зенит. Онаму каде моите коски се хранеа. Онаму каде каменот е потежок од бетонот, воздухот полесен од рамнодушната сина во облачните ткаенини, сонот поголемо јаве од сегашната трезност. 

Игнорирајќи го проредот на моите и  стапките на моите сограѓани, избледе и можноста за траги, во зрела целина и расеаната кроткост прерасна во кубистички распрскан блесок. Не сакам да го негирам сето она што ме хранеше, не сакам ни малку да помислам на отфрлање на моето гнездо каде спијат моите први спомени, не успевам да ја препознаам поентата во отуѓувањето на тамошното бидување. Уште помалку го вреднувам успехот во пронаоѓањето на убавината во “другото дома”, наспроти силната потреба од забележителен прогрес, којатргнала од  таму, а би застанала некаде. Веќе долго време се обидувам да ги спојам двете паралели кои ми го нуделе суштинското живеење, за жал сеуште неуспешно, од причини многу, меѓу кои ладнокрвно би издвоила една која ја носи со себе цената на очигледната разлика. Раниот пресврт ме однесе таму, каде и го запознав мирот, убавината на топлиот дом и шареното секојдневие. Кога би тргнала од аголот каде лежи позитивата на животот во Делчево, сигурно би се движела дијагонално кон спротивноста која ја носи животот во градот каде студирам, и обратно. Но дали и колку е сериозен проблемот на таквите споредби? Сигурно е  една од сериозните споредби, но не  би рекла дека е една и од клучните.

 Ако искреноста треба да замени еден колаж, многу коректна постапка е да првичните скици бидат олицетворение на еден суштински реализам, без разлика на нивната сложеност односно едноставност. Да умееш да живееш онаму каде правилното нема допирна точка со неправилното, каде ударот не е повеќе болен од возвратениот, каде поддршката и нејзиниот противник играат шах во библиотека, моралното го губи сјајот но не и својот квалитет, тогаш признај дека комплексноста на тамошниот живот е една едноставна “теретана”.  Не можам своето искуство да го наречам необично, напротив, обичниот пристап укажува на една сеуште задржана нормала која или го корегира животниот прогрес или придава минимално значење на една смирена бучава таму и сега, под небото – над тоа парче земја.

Можеби и не се потребни зборови, кој би знаел? Можеби молкот би бил само “паметно” оправдување на убавината на еден духовен луксуз. Не, не мора да значи, воопшто, а и зошто би значело? Зошто е тема? Зошто е прашање, и зошто одговорот е неколку планини потежок? Каде живееш и зошто тоа е твој дом? Зошто туѓина? Да, едноставни прашања, но зошто едноставни? Стремеж со прст вперен во очите на подоброто утре? Итање? Кал или песок? Што мислиш, би избрал? Дали воопшто тоа го сметаш за избор? Не бираш, знам, ти газиш. “ Тоа е, што да правимe” е површината на брановите.  Проблем е што ни дното ни површината не се гледаат.  Проблем е што борбата за излегување на површина е силна потреба, но но е  повеќе вкусна односно лесна од гушењето и бревтањето до самото дно. Остануваш? Да! – Одлично, заедно сме. Знаеш, не можам сам. – Како мислиш, не можеш сам? – Не би тонел сам!… Се прашувам, зошто баш тоа поднебје пушти крик во 1876 година, ги извади своите канџи во името на слободата, и  искрвари? Зошто толкава храброст? Зошто сега молк за парче леб? Ја добивме слободата, зарем сега лебот е на ред?

Но еве, се насмевнуваат годините, можеби наѕираат искршени заби, но барем има насмевка. Можеби капутот е произведен во времето на Југославија, но барем е “закрпен”.  И чевлите се стари, дали тоа е  сериозен проблем? Не е, служат сеуште. Што остана? Речиси се, освен тоа што не останало. Да, на тоа мислам цело време.  Далеку од  хоризонтот, сеуште гори свеќата на надежната младина. Се прашувам, дали има потреба од виновен? Не, како што одминуваат годините, лицата на виновните избледуваат, стареат, брчките повеќе од јасно им се исцртуваат, и ако веќе староста победува, тогаш би немало потреба од потрага по таквите. Младоста е тука, да доврши или со неколку монети купи ново перо и мастило и почне шрктање на нов лист. Веќе монотоната објективност го засени раскошот на субјектот, и тоа е факт. Многу субјекти заедно би можеле да изградат совршено уреден хаос. Хаос каде конечно животот ќе пушти чекор понапред од претходниот таканаречен “ борба за леб” .  Всушност, се се сведува на тоа.

Школувањето и  потребата односно нужноста од социјализација  се само едни од клучните фактори кои имаат некое директно влијание врз “бегството на младите” , меѓу кои сум и јас. Кога јас би била прашана, со голема страст ќе потврдам дека сакам да отидам и подалеку, вон границите на Македонија. И кога јас би била прашана, со потполна сигурност би одговорила дека не го сакам сивото небо кое го краси градот каде студирам, уште помалку го сакам значењето на штоперицата и стресот кој тоа го носи, и дека студирам тука бидејќи немам финансии за подалеку, но и дека, доколку би постоела ликовна академија во Делчево, радо би студирала таму.  Знам дека не сум единствена кога станува збор за тоа, и токму тоа ме радува и во исто време растревожува при помислата дека мојот убав, мал и мирен град се празни со секое постепено исчекорување на младите, надвор од неговите прегратки. Го  сакам Делчево, радо би се вратила, посекако земајќи го во предвид неговото исчекорување напред, кое треба позитивно да резултира. 

Текстот е пишуван за порталот destinationdelcevo.mk а објавен на 2018-12-16 16:00:23

Пишува: Разловчанка Македонска

Името на авторот е познато на редакцијата

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава На денешен ден се убиени Мирче Ацев и Страшо Пинџур од бугарските фашистички окупатори
Следна објава Прекинат сообраќајот на патот Виница-Берово кај Крслаџиски Мост , поради сообраќајна незгода
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 536
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 513
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 520
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1166
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 497
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 566
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 303
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 384
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 529
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

840
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1916
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 739
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202230
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202121
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201920
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.