• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Во Штип има вработувања и унапредувања единствено за роднините на директорите од СДСМ

јануари 12th, 2020 Македонија, Политика коментари 680

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Во Штип има вработувања и унапредувања единствено за роднините на директорите од СДСМ

Денеска на прес конференција од партиското седиште портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски по којзнае кој пат обелодени нови случаи на непотистичко вработување на блиски роднини на функционери на СДСМ. Овојпат станува збор за непотистички вработувања во нашиот своевиден центар на Брегалничкиот регион Штип.

Ваквите вработувања следуваат по паниката и хаосот кој владее во владеачката партија на Зоран Заев и се поизвесната реалност со која ќе се соочат на изборите на 12 Април. Вработувањето на роднини на функционерите на СДСМ нема да донесе добро за останатите граѓани во државата кои во континуитет се жалат на слабите услуги кои ги добиваат од партиски-вработените административни работници во институциите.

Дополнително нееднаквоста на сите граѓани пред институциите и нееднаквоста при можноста за вработување на сите граѓани во јавната администрација е дискриминација од највисок ред.

Ваквата дискриминација за оние кои што се сеќаваат беше присутна во 90-тите години од минатиот век кога СДСМ ја имаше апсолутната власт во државата а граѓаните кои не беа поддржувачи на СДСМ беа дискриминирани и прогонувани од власта,

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Димче Арсовски:

“Непотизмот е појава во СДСМ која што уште повеќе се шири како се наближуваат изборите. Свесни дека ќе ги загубат изборите, функционерите на СДСМ дали на централно, дали на локално ниво си ги згрижуваат роднините во државната и јавната администрација.

Денеска трет ден по ред, ќе објавиме нови случаеви во моментално најголемото дувло на непотизам, Штип. 

Денес ќе претставиме 3 нови случаеви на непотизам каде што главни носачи на епидемијата се директори на училиштата во Штип.

Очигледно е во Штип има единствено простор за вработувања и унапредувања највеќе за директорите на училиштата односно за нивните роднини.

Прв случај, директорот на средното училиште „Димитар Мирасчиев“, Дејан Доневски си ја вработил сестра му во Дневниот центар за деца со посебни потреби. Она што веќе и е познато на јавноста во Штип и на големо се зборува, а ќе се обелодени за неколку денови е тоа што истиот тој директор на средното училиште Дејан Доневски за неколку дена од сега ќе биде унапреден во просветен инспектор за цела Источна Македонија. Очигледно наменски ќе го добие тоа унапредување за да може да уценува просветни работници пред изборите.

Втор случај, директорот на средното училиште „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов ја вработил својата сопруга во основно училиште „Тошо Арсов“. Во истото училиште „Тошо Арсов“ беше вработена и сопругата на директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров.

Трет случај, директорот на основното училиште „Ванчо Прке“, господинот Методи Папаров си ја вработил својата сопруга во ЈП Исар.

Четврт случај, директорот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип, Трајче Димов си ја вработил ќерката во средното музичко училиште, а синот си го поставил за командир на Противпожарната единица во Штип. А, сопругата на синот, односно неговата снаа ја вработил во Хигиенскиот завод во Штип. Очигледно овој директор му е сериозна конкуренција на претседателот на Совет, Јане Миланов по бројот на вработување. Очигледно и кај него останале уште домашните миленичиња невработени. 

Непотизмот во Штип нема крај.

Заев ветуваше јавно дека сите што ја искористиле својата положба и своето влијание за да вработат или унапредат свој близок во државната или јавната администрација ќе се погрижи да се повлечат од своите места.

Додека младите ни се иселуваат, додека луѓе не можат да најдат работа, СДСМ продолжува да вработува цели фамилии на нивните функционери.

Уште еднаш апелираме до антикорупциската комисија, да се разгледаат и овие последни случаеви на непотизам и да се постапи согласно процедурите.

Одговорност за се мора да има и ќе има. И тоа доколку не се случи сега кога е СДСМ на власт, ќе се случи веднаш по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ после изборите на 12-ти април. 

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Му прекипна на народот: Нокаутирана комунална редарка од страна на улична продавачка
Следна објава Груевски: Ако во Македонија имаше правна држава Фијат Цановски веќе требаше да е во затвор најмалку пред една година.
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 567
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 544
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 535
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1195
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 517
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 596
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 322
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 406
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 564
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1583
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1688
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да го запрат донесувањето на Законот за марихуана
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да го запрат донесувањето на Законот за марихуана

Сеп 14th, 202118
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.