Со изгореници од средна категорија по главата и останати делови од телото пред малку во Кочани е хоспитализирано машко лице.
Според информации на очевидци изгорениците настанале од самозапалување во центарот на Кочани кај градската фонтана кај трговскиот центар на едно од најпрометните места во градот.
Не може да се утврди за кое лице станува збор поради изгорениците на лицето.
Причините за ваквиот чин на самозапалување на се познати.


