Министерот за Внатрешни работи во Техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев денеска оствари работна средба со амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија Сергеј Баздникин. На состанокот било разговарано за заложбите на Министерството за внатрешни работи за спроведување на фер и демократски избори во април како и за безбедносната состојба во државата.
Во продолжение го пренесуиуваме соопштението упатено до јавноста од страна на Министерот Наќе Чулев во врска со оваа средба:
“Денеска остварив работна средба со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.
На средбата го запознав амбасадорот Баздникин со приоритетите на Министерството за внатрешни работи во техничката влада, односно со заложбите за организирање фер и демократски избори, борбата против организираниот криминал и корупција и одржување на стабилна безбедносна состојба.
Заеднички ги потврдивме заложбите за понатамошно унапредување на билатералната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи, како и помеѓу двете пријателски земји.”


