Дополнителниот Заменик Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска на прес конференција објави дополнителни нерегуларности во работењето на министерството поврзани со функционери на СДСМ.
Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата прес конференција од ова министерство:
Мајката на градоначалникот на Конче, Благој Илиев, Сузанка Илиева која има земено под закуп земјоделско земјиште со вкупна површина од 37.9 ха, земала субвенции во два наврати во вкупна висина од 403.845 денари без притоа да го има платено закупот.
СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ 51-2498/18 ОД 23.08.2019 ДОСТАВЕН ОД ПЕ РАДОВИШ ЛИЦЕТО СУЗАНКА ИЛИЕВА Е ЕВИДЕНТИРАНА КАКО ДОЛЖНИК ЗА 2017 И 2018. За 2017 година закупот е платен 14 месеци откако на истата и се исплатени субвенции, а за 2018 година закупот е платен 3.5 месеци подоцна.
Кој и исплатил на Сузанка Илиева, мајка на градоначалникот на Конче субвенции без да ги има подмирено обврските кон МЗШВ!?


