Со многу емоција, заедно со народот подготвена сум да ја понесам тежината на борбата. Моите рамења исто така се спремни да бидат потпора за оние кои ќе се уморат. Само заедно можеме да си помогнеме, сплотени, единствени, пожртвувани, како што мајка го брани своето чедо, така и ние мораме и можеме, да ја извршиме нашата света должност. Жарот кој го видов вечерва во очите на присутните во ОК Гази Баба, енергијата којашто провеа е само причина повеќе да бидам уверена во победата што претстои.
#ОбноватаДоаѓа 🇲🇰
Рашела Мизрахи пречекана со многу емоции од жителите на Гази Баба


