После јавното споделување на фотографии на кои се прикажани активисти на СДСМ со партиски обележја како реализираат париска активност на јавно место од страна на СДСМ Пробиштип, во јавноста со свое соопштение се обратија од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНе од Пробиштип.
Во продолжение во целост ја пренесуваме нивната реакција во јавноста упатена преку социјалните мрежи во која најавуваат дека до надлежните институции ќе поднесат пријава за прекршување на Изборниот законик”
“Почитувани сограѓани,
општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип, ја информира јавноста дека до Државната изборна комисија ќе достави пријава за кршење на Изборниот законик.
Се работи за случај во кој активисти на СДСМ Пробиштип, вклучително и Претседателката на форумот на жени од општинската организација на СДСМ од Пробиштип на 4 Март (среда) 2020 година на градскиот пазар во Пробиштип одржаа претставување (поставен штанд) на јавно место, при што дистрибуираа печатени пропагандни материјали, на кои што материјали партијата СДСМ е претставена како учесник во изборната кампања, што воедно претставува предвремено започнување на изборната кампања спротивно на Изборниот законик.
„Според член 69-а од Изборниот законик, за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатените материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежни изборни органи и нивните програми. Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и во вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите”.
Од овие причини, ВМРО-ДПМНЕ ОК Пробиштип ќе побара од ДИК, во согласност со надлежностите, да ги испита наводите, да постапи по пријавата во рок предвиден според изборниот законик и да ја извести организацијата за дејствијата што ќе ги преземе.”


