Од Македонската заедница во Канада, како и претставници на Глобалното координативно тело на Македонците во Канада во јавноста споделуваат информации за самоорганизирање во насока за пријавување на што е можно поголем број на Македонци кои ќе гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори во Македонија.
Во информациите се истакнува важноста за пријавување за гласање на Македонската дијаспора на изборите како и технички детали на кој начин секој Македонец може да се пријави преку електронската апликација на Државната изборна комисија.
Според постојната законска регулатива тројца пратеници во Македонскиот парламент можат да бидат изгласани од страна на Македонците во Европа, Австралија и Северно-американскиот континент, кои би ги застапувале интересите на Македонците од овие континенти во Македонското собрание. На минатите парламентарни избори во 2016 година беше воведен изборен праг на освоени гласови за изгласување на пратеник од секој од овие три континенти при што тогаш не беше избран ниту еден пратеник од дијаспората.
Со оглед на многубројноста на Македонската дијаспора во светот, изгласување на пратеници кои ке ја застапуваат волјата на Македонската дијаспора во Македонското собрание е и тоа како можно со соодветно организирање на Македонската дијаспора, што во таа насока одат и овие информации кои се споделуваат во јавноста.
Македонската дијаспора е нераскинлив дел од Македонија иако многумина поединци тоа сакаат да го негираат затоа што не им одговараат слободоумни Македонци кои ќе имаат свои претставници во Македонскиот парламент.
Во продолжение ја пренесуваме информацијата која се споделува преку социјалните мрежи од страна на Македонците во Канада:
“Известување до Македонската заедница во Мисисага и околните места по повод најавените предвремени парламентарни избори во Македонија и гласањето во дијаспората!
Во Недела на 8ми Март во просториите на Македонската Правослвна Црква Свети Илија во Мисисага ќе има неколкумина активисти од Македонската Заедница кои ќе ви помогнат да се регистрирате во изборниот список ако за тоа имате потреба а не сте во можност да го остварите сами.
Со вас понесете го следниот документ:
Важечки биометриски Македонски Пасош .
Секој Македонец со постојано место на живеење во Канада , има можност да гласа на вонредните парламентарни избори што ќе се одржат на 11-ти АПРИЛ 2020 во просториите на Македонскиот Конзулат во Торонто 90 Eglinton Avenue, East, Suite 210.
За да го остварите вашето право на глас ,неопходно е да бидете регистрирани во избирачкиот список , пријавувањето мора да се изврши најкасно до 11-ти МАРТ на интернет страната на https://dijaspora.sec.mk/ или ако ако имате потреба од помош во Недела на 8ми МАРТ,во просториите на Македонската Правослвна Црква Свети Илија во Мисисага.
Чекори за регистрација:
1. Впишување на ЕМБГ бројот од пасошот;
2. Внесување на дадениот код од прикажаната слика;
Потоа пополнување на податоците:
1.Име и презиме
– Припадност на заедница;
2.Податоци за престој во странство ;
– Држава во која престојува ;
– Населено место во странство;
– адреса во странство;
3. Пријава за гласање
– Држава во која ќе гласа;
– ДКП во кое ќе гласа;
– Број на Мк пасош
Откога ќе се пополни и испрати пријавата , се добива потврден одговор за успешна регистрација .
За сите оние кои пак ќе сакат да гласат во Македонија , тоа право ќе можат да го остварат во нивните матични општини. Во секој случај треба да се направи изборот, во државата каде престојувате или пак во местото на вашата адреса во Македонија .
Наш долг и обврска кон татковината е да се регистрираме и гласаме.
Апликација на Државната Изборна Комсија за регистрација на гласачи од дијаспора
Почитувани, Пријавата за регистрација на гласачи за гласање во дијаспора може да ја пополнете тука. Апликацијата е адаптирана за пристап и од мобилен телефон
https://dijaspora.sec.mk/“


