Директорот на Светската здравствена организација Д-р Тедрос Аданом Жебрисус ( Tedros Adhanom Ghebreyesus ) изјави дека бројот на заразени случаи надвор од Кина се зголемил за 13 пати во последните две недели.
тој рече дека е “длабоко загрижен” за “алармирачки нивоа на непревземање акција” околу вурусот.
Пандемија е зараза која се шири во повеќе земји во светот одеднаш во исто време.
Но и покрај тоа што заразата со Корона вирус е означена како пандемиска, тоа не значи дека Светската здравствена организација ги менува препораките за тоа што треба да направат земјите.
Тој ги повика владите во светот да го изменат текот на заразата со превземање на итни и агресивни мерки.
Неколку влади на земји покажаа дека вирусот може да биде потиснат и контролиран, -изјави тој.
Предизвикот за многу земји кои што се справуваат со големи кластери на преносливост во заедницата не е дали тие можат да го сторат истото, прашањето е дали имаат волја тоа да го направат.
Владите во овие земји мора да водат сметка за баланс помеѓу заштитата на здравјето, да се минимизираат пречките во нормалниот живот и да се балансираат човековите права и слободи.
Сите ние сме заедно во оваза да ги направиме вистинските чекори за смирување и заштита на граѓаните на светот.
-соопшто попладнево Директорот на Светската здравствена организација.


