Австралиски борбен брод се придружи на воената вежба на морнарицата на САД во Јужното Кинеско Море откако се подгреаа тензиите против Пекинг, Малезија и Виетнам за превласт во спорните територијални води меѓу овие пацифички држави.
Австралиската фригата ХМАС Парамата заедно со три борбени бродови на САД пристигнаа оваа недела близу до локацијата каде што се наоѓа кинескиот извиднички брод Хајанг Дижи 8 за кој постојат сомнежи дека врши истражувања за постоење на нафта во морското дно.
Брод на Малезиска нафтена компанија исто така е забележан како оперира во оваа област.
Здружените воени вежби на САД и Австралија биле планирани неколку месеци однапред, но јавната манифестација на воена сила доаѓа во време кога Кина е обвинета од САД дека ја користи состојбата на блокада во светски рамки како резултат на епидемијата со Ковит-19 за да ги присвои овие спорни територијални води.
Официјален Пекинг ги налути своите јужноисточни соседи во Азија во текот на викендот кога прогласи две нови административни единици на Парселските и Спратлиските острови во архипелагот на кој што своја власт полагаа повеќе држави во регионот меѓу кои се Филипините, Тајван, Малезија и Виетнам.


